wiki:About

Наслов на проектот

Moviezilla

Членови на тимот

  • Дарко Поповски 195115
  • Ива Наскоска 193064
  • Никола Софески 196021

Краток опис

Веб платформа за резервацијa на филмoви кои за прв пат доаѓа во нашите кино сали, но и на оние кои веќе се даваат кај нас. Ова ќе биде
достапно само за нашата држава преку која сите ќе може да прават резервации.Гледачите ќе може да ги гледаат достапните филмови, а исто така и филмови кои доаѓаат во иднина.
Голема придобивка е тоа што ќе може да се резервира ред и седиште кое што најмногу одговара.
Откако клиентите ке се регистрираат на нашата платформа со лични податоци добиваат ID број и корисничко име. За клиентите ке се чува името, презимето, маилот, телефонски број, корисничкото име,ID.
Плаќањето на картите може да се врши онлајн или при само подигање на истите.За седиште се чува број на седиште и број на ред .За секој филм ќе се чува име,ID,време на траење и жанр.
Исто така за ќе се чува и за самата резервација и тоа ID за истата, ID на клиентот,седиште и филм, проекција во која ќе се чуваат информации за временскиот интервал,име на филмот,цената на проекцијата и името на кино салата.

Детален опис на проектот

Идејата на проектот е да се намали гужвата пред самите билетарии посебно поради настанатата ситуација.
Со помош на овој систем освен што ќе се избегне гужвата, клиентите ќе можат да имаат подобро искуство со тоа што ќе може да изберат во кој ден,
во кој град,на кое седиште најмногу им одговара.
Во врска со начинот на плаќање ќе има можност за две опции: Плаќање онлајн или преку самото подигање на картите.


За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да
ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

  • Платформата и базата на податоци е наменета за сите претпријатија односно кино сали.
    Ова би ја олеснила и зголемила продажбата на картите.
    Наменета е за резервација на карти за посакуваниот филм.
    Уште по поволна би била ако се работи за ланец на кино сали
    во повеќе градови со што се отвора опцијата и да се бира и во кој град ќе се гледа филмот.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

  • Со помош на оваа платформа освен што ќе се реши проблемот со гужва, самата евиденција
    за секој купувач ќе биде подобро организирана односно за секој купувач во табелата ќе има
    детална информација како што се id,име и број на резервација.
    Но исто така ќе се реши проблемот и со слободните места во самите кино сали, како и локацијата на истите.
    Со решавањето на овие проблеми целото искуство на корисникот ќе биде подобрено.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Оваа платформа ќе се користи од страна на клиенти и вработени.

Со креирање на акаунтот клиентите ќе бидат дел од апликацијата која им овозможува резервирање на карта за филмска проекција.
Тие можат да проверат која кино сала се наоѓа во нивна најблиска локација,
исто така и кои се наредните проекции за кои има слободни карти за резервација.
Преку апликацијата тие одбираат време на проекција за посакуваниот филм, ред и број на седиште ,а исто така и начинот на плаќање.

  • Вработените апликацијата ќе ја користат за организација на тековните филмски проекции,исто така и за додавање на нови.За нив ќе се чуваат посебни лични информации кои ги внесуваат при регистрација.
    Дополнителна информација ќе биде локацијата на претпријатието во кое работат, односно градот.
    Апликацијата ќе им овозможи лесно, брзо и едноставно распоредување на картите, седиштата и проекциите.
    Уште една придобивка е што тие ќе можат преку неа да испраќаат нови известувања до клиентите за измените на капацитетот од кино салите согласно со новите закони за заштита од Covid-19 пандемијата.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Се работи за веб апликација.

Корист (Бенефит) од апликацијата:

  • Клиентите однапред ќе можат да си резервираат карти за филмот што сакаат да го гледаат.
  • Вработените ќе можат да ги планираат кино салите според капацитетот и бројот на резервирани карти.
  • Двете варијанти на плаќање ќе му овозможат на корисникот да го избере она што повеќе му одговара.
  • Со помош на платоформата ќе може да се овозможи преглед на бројката на седиште за луѓето кои гледаат во парови.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или
веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

  • Според истражувањето кое го направивме вакви платофрми веќе постојат во светот,
    но и кај нас. Но за жал е наменета за специфична фирма која што ја има само на една локација.
    Додека пак нашата веб платформа ќе биде наменета за една фирма што ќе ја има на повеќе локации(повеќе градови).
    Освен тоа ќе биде направена да биде user-friendly за сите корисници.

Last modified 2 years ago Last modified on 11/23/21 13:21:22
Note: See TracWiki for help on using the wiki.