Opened 3 years ago

Closed 2 years ago

#1 closed defect (fixed)

Поправки на ЕР модел

Reported-by: nenad.anchev Owned by: 191215
Priority: major Milestone:
Component: ERModel Version:
Keywords: Cc:

Description

Има непотребно многу слаби ентитети и слаби релации. Во текот на дискусијата беа идентификувани неколку кои би требало да се регуларни ентитети. Преиспитајте ги сите слаби ентитети и слаби релации и оставете ги само тие кои се неопходни да бидат слаби.

Менаџер да се поврзе со покана, за да се знае дека се приклучил на сајтот врз основ на покана. Кај неколку релации беа посочени погрешни кардиналности, да се поправат.

Change History (8)

comment:1 by 191215, 3 years ago

Согласно препораките направени се измените во ER дијаграмот.

comment:2 by 191215, 3 years ago

Owner: changed from somebody to 191215
Status: newaccepted

comment:3 by vangel.ajanovski, 3 years ago

Проблемот со поканата останува како мал проблем и не е баш разрешен и се провлекува и во моделот и релациска шема и во сценарија. Да го опишам по ред случувањето како што е описот.

Артистот креира покана за некој менаџер.

Ако нема таков менаџер, системот ќе го покани да си креира профил и да ја прифати поканата.

Тој ќе си креира профил, но не се евидентира никаде врска дека тој профилот е креиран заради таа покана, односно не се евидентира дека тој како корисник ја прифатил поканата да биде менаџер.

Ако има таков менаџер, системот ќе го поврзе директно со артистот, без можност менаџерот да ја потврди поканата. Поканата си стои. Профилот од претходно си стои. Не се евидентира дека ја прифатил поканата.

comment:4 by vangel.ajanovski, 3 years ago

Слабите ентитети се корегирани, останува проблемот со поканата.

Исто така има мала несоодветност во нотацијата на специјализацијата кај корисници/артисти/менаџери, означено е како корисници/артисти/менаџери да се главни класи ентитети, а корисници да прави повеќестрано наследување од сите три класи ентитети. На тоа е контрадикторно што клуч е означен само кај корисници, што сугерира дека ознаката за наследување е најверојатно по грешна несоодветно поставена.

comment:5 by 191215, 3 years ago

Ентитетот "Manager_Invites" сметаме дека треба да остане како што е бидејќи нема потреба да се чува податок за тоа од која покана менаџерот е поканет. Исто така доколку менаџерот веќе има профил ќе му биде испратен маил и доколку го прифати ќе се додаде како менаџер на артистот нема системот директно да го поврзе без притоа да го праша за тоа.

comment:6 by 191215, 3 years ago

Бараме тикетот да биде затворен сметаме дека ентитетот е во ред

comment:7 by 191215, 2 years ago

Повторно бараме тикетот да се затвори бидејќи сметаме дека ЕРД е поправено и во ред.

comment:8 by vangel.ajanovski, 2 years ago

Resolution: fixed
Status: acceptedclosed

Имплементирани се сите барања освен сугестијата за поврзувањето на менаџерот со поканата не е имплементирана. Истата не е задолжителна.

Note: See TracTickets for help on using tickets.