wiki:About

About Prison System

Членови на тимот

Филип Јакимов 211228
Јорданче Ефтимов 211069
Симон Ѓеоргиев 213054

Краток опис

Со овој проект ќе се развива затворски систем за една затворска институција, при што ќе се моделира и управува со информации за поединечни затвореници, вклучувајќи лични податоци, информации за казната и доделени ќелии. Ќе се управува со закажувањето на посети помеѓу затворениците и одобрените посетители, следејќи ги датумите и времето на посетата. Одржува информации за затворскиот персонал, вклучувајќи ги нивните улоги, смени и одговорности во установата.Следи безбедносни инциденти во затворот, во кои се вклучени и затворениците и персоналот, за да се обезбеди безбедна и контролирана средина.Управува со информациите поврзани со здравјето на затворениците преку медицинска евиденција, вклучувајќи датуми на влез, здравствени состојби и препишани лекови.Следи различни активности во кои се вклучени затворениците за време на нивното време во затвор, обезбедувајќи евиденција за нивните ангажмани.Ги следи и управува со информациите за сите посети што затворениците ги имаат со одобрени лица. Се вклучуваат следните ентитети: Затворени, Ќелија, Посета, Затворски персонал, Затворски инциденти и други.

Детален опис

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Базата на податоци е наменета за затворската институција и одговорноста за одржување на истата би им припаѓала ним, односно на назначено лице од самата институција. Стручното лице на оваа позиција би имало за должност да ги следи активностите кои се одвиваат внатре во институцијата. Регулација на внес и излез на затвореник, негови посетители, забелешки за извршените активности како и намалување/зголемување на казнениот рок, се само дел од потребните на ваквиот тип на институција.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Апликацијата би служела за решавање проблеми за регулација на затворениците и сите нивни дејствувања внатре во затворот се со цел побезбедна и контролирана средина. Лесна контрола и евиденција за секој затвореник кој влегол во затворот. Можност за преглед на настаните во кои што истиот учествувал во затворот.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Бидејќи станува збор за систем на државно ниво, односно за инситуција задолжена за регулирање на безбедноста во државата, пристап до базата на податоци не би бил достапен за сите вработени во таа институција. Целосен пристап би имал директорот на институцијата и специјално определени лица на таа позиција, додека пак одреден пристап би имале сите менаџери, секретари и други лица кои се задолжени за изработка на извештаи.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

Нашиот предлог го сметаме за поразличен од другите поради побрз одговор и одобрување на посетителите на затворениците. Построг и порегулиран режим при влез/излез на затвореник, како и побрз пристап до информациите и активностите потребни за тој затвореник.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Станува збор за веб апликација.

Last modified 6 months ago Last modified on 12/04/23 22:26:07
Note: See TracWiki for help on using the wiki.