Наслов на проектот
- OCRent (One Click Rent)
Членови на тимот:
- Филип Ѓорѓиевски 192011
- Дарио Митев 192007
Краток опис на проектот
Софтверско веб решение кое служи за брзо и едноставно онлајн изнајмување на автомобили. Корисникот може да се регистрира како клиент или бизнис корисник, односно дали ќе биде клиент кој што изнајмува автомобил или клиент корисник кој што сака да регистрира фирма која изнајмува автомобили. Корисникот може да бира различни возила(од достапните во моментот) во зависност од година на производство, цена, бренд, модел, бр. на врати. Исто така може да избере и дополнителна опрема за возилото (зелен картон, седиште за бебиња, навигација, дополнителен багажник). За да изнајми автомобил, потребно е корисникот да потпише договор (договорот се потпишува електронски) и да поседува валидна картичка која овозможува интернет плаќања. Доколку корисникот е регистриран како бизнис корисник тој ќе може да регистрира повеќе фирми, со различно име, на различни локации, различни понуди и секоја фирма ќе си има свои возила. Во секоја компанија има возачи што ги доставуваат автомобилите, каде што по доставата тие се должни да го потврдат предавањето на автомобилот преку корисник кои што ќе биде креиран за нив. Возачите исто така се одговорни и за преземање на возилото од клиентот по истекувањето на рокот за изнајмување, каде што за еден автомобил се одговорни повеќе возачи.
Детален опис на проектот
Во секој момент сите луѓе кои имаат потреба од автомобил со цел да патуваат некаде можат да добијат автомобил.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Базата на податоци ќе ја поседува поединец (администраторот), кој што ќе биде одговорен за целата координација и менаџмент со системот, односно неговите привилегии ќе бидат: додавање/бришење/уредување на сите податоци кои што се поврзани со сите корисници, проверка на нова фирма при регистрација и нејзино додавање во системот.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Со брз пристап до сите автомобили кои што се достапни во додадените компании корисниците ќе може да си изнајмат автомобил од дома. Целта е да им се поедностави изнајмувањето на автомобили без пополнување на формулари, каде сето тоа може да го направат со еден клик од дома. Исто така нема да се создаваат гужви и редици во фирмите кои што изнајмуваат автомобили.Корисниците ќе имаат можност да избираат автомобил од повеќе различни регистрирани компании во зависност од цената која што им одговара. Тие исто ќе може да пребаруваат достапн автомобили според марка, модел, боја, тип на менувач, број на врати, број на седишта, тип на гориво и дали е луксузен или економичен автомобил.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе има четири видови на корисници: Администратор, Бизнис корисник, Клиент и Доставувач.
Администраторот ќе има пристап до сите информации како што се корисниците(независно дали е клиент, бизнис корисник или доставувач на автомобил). Тој ќе има можност за валидирање на компаниите кои што се креирани од страната на бизнис корисниците и листање на сите нивни автомобили.
Клиентот ќе може да пребарува достапни автомобили од сите регистрирани компании во системот, доколку избере некој автомобил ќе има можност да ја внесе својата адреса каде што сака да му се достави автомобилот од страна на доставувачот вработен во таа компанија. Плаќањето на авотмобилот може да биде на два начини и тоа: онлајн преку картчка или директно на рака при превземање на возилото.
Доставувачот ќе има пристап само до автомобилите за кои што тој е одговорен и при достава на автомобилот негова должност ќе биде да го потврди доставувањето на автомобилот на корисникот кој што го има побарано тоа.
Бизнис корисникот ќе има пристап до сите негови регистрирани компании каде што тој ќе може да внесува различни автомобили во различна компанија, и ќе си ја дефинира цената на внесениот автомобил и дополнителната опрема ( доколку нуди некоја ).
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Според истражувањето, не сретнавме ист проект кои што постои во нашата држава. Сретнавме проект кој што овозможува изнајмување на автомобили но само од една дефинирана компанија т.е. не постојат различни видови на компании кои што нудат ваква услуга. Исто така во тој проект подигањето на колите беше од точно дефинирани локации, а не достава до дома на порачаниот автомобил. Апликацијата ќе се користи само во рамките на државата.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација.