wiki:About

Version 3 (modified by 192011, 19 months ago) ( diff )

--

Наслов на проектот

Членови на тимот:

  • Филип Ѓорѓиевски 192011
  • Дарио Митев 192007

Краток опис на проектот

Софтверско веб решение кое служи за брзо и едноставно онлајн изнајмување на автомобили. Корисникот може да се регистрира како клиент или бизнис корисник, односно дали ќе биде клиент кој што изнајмува автомобил или клиент корисник кој што сака да регистрира фирма која изнајмува автомобили. Корисникот може да бира различни возила(од достапните во моментот) во зависност од година на производство, цена, бренд, модел, бр. на врати. Исто така може да избере и дополнителна опрема за возилото (зелен картон, седиште за бебиња, навигација, дополнителен багажник). За да изнајми автомобил, потребно е корисникот да поседува валидна картичка која овозможува интернет плаќања. Доколку корисникот е регистриран како бизнис корисник тој ќе може да регистрира повеќе фирми, со различно име, на различни локации, различни понуди и секоја фирма ќе си има свои возила. Во секоја компанија има возачи што ги доставуваат автомобилите, каде што по доставата тие се должни да го потврдат предавањето на автомобилот преку корисник кои што ќе биде креиран за нив. Возачите исто така се одговорни и за преземање на возилото од клиентот по истекувањето на рокот за изнајмување, каде што за еден автомобил се одговорни повеќе возачи.

Детален опис на проектот:

Во секој момент сите луѓе кои имаат потреба од автомобил со цел да патуваат некаде можат да добијат автомобил.

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Базата на податоци ќе ја поседува поединец (администраторот), кој што ќе биде одговорен за целата координација и менаџмент со системот, односно неговите привилегии ќе бидат: додавање/бришење/уредување на сите податоци кои што се поврзани со сите корисници, проверка на нова фирма при регистрација и нејзино додавање во системот.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со брз пристап до сите автомобили кои што се достапни во додадените компании корисниците ќе може да си изнајмат автомобил од дома. Целта е да им се поедностави изнајмувањето на автомобили без пополнување на формулари, каде сето тоа може да го направат со еден клик од дома. Исто така нема да се создаваат гужви и редици во фирмите.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Ќе има корисници кои што изнајмуваат возила и корисници кои што со своите фирми даваат понуди за изнајмување. За сите корисници

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Note: See TracWiki for help on using the wiki.