Инструкции за стартување на апликацијата
Предуслови за функционирање на апликацијата
Потребно е на вашата машина да имате инсталирано Java 11 и неколку dependencies. Наша препорака е откако ќе инсталирате Java да ja користите развојната околина IntelliJ IDEA која овозможува откако ќе го отворите проектот да се инсталираат потребните dependencies. Оваа развојна околина има бесплатна верзија (community edition) а доколку сте студент можете бесплатно да користите и други верзии доколку креирате корисничка сметка на JetBrains со вашата студентска електронска пошта.
Dependencies кои ги користи проектот се Spring Boot, PostgreSQL Driver, Maven, Thymeleaf, Lombok.
Отворање и стартување на апликацијата
- Клонирајте го проектот од github репозиториумот.
- Отворете IntelliJ и селектирајте File -> Open и најдете ја папката на проектот под име Paw5. Отворете ја папката и селектирајте ја pom.xml датотеката и изберете ја опцијата Open as Project.
- Пред да се обидете да ја стартувате апликацијата треба да воспоставите конекција со базата на податоци. За таа цел треба да ја отворите тунел скриптата достапна на овој линк. Отворете ja tunnel_scripta.cmd датотеката со некаков editor и внесете ги параметрите за пристап на полињата за корисничко име и лозинка.
- Откога проектот ќе се отвори и ќе се индексираат сите датотеки, најдете ја Paw5/src/main/java/finki/paw5/Paw5Application.java датотеката. Направете десен клик врз истата и изберете "Run Paw5Application".
- Апликацијата ќе се стартува за неколку секунди и ќе можете да ја отворите истата на патеката http://localhost:8080/home преку веб прелистувач.
Last modified
20 months ago
Last modified on 03/16/23 11:33:40
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.