wiki:Business

Бизнис Модел

1. Ризици

  • ЈПП да го претпочита веќе имплементираниот систем за работа на паркинзите
  • Да не дојдеме до некаков договор со телекомуникациските компании во врска со опцијата за верификација и плаќање преку телефонска сметка со што значително би се намалиле опциите за верификација на корисници и наплаќање на паркинг
  • Преоптоварување на системот
  • Податоците ќе бидат преземани од Google Maps преку API и можен ризик е да прикажуваме застарени или неажурирани податоци од мапите
  • Аматерска архитектура на системот, што би го отежнало понатамошниот развој и оддржување на системот од други надворешни лица

2. Предности

  • Услуга за скоро вистинит приказ на моменталната состојба на паркинг зоните на уред со пристап до интернет (единствена на пазарот).
  • Апликација со плитка хиерархија која му ја упростува на корисникот употребата на апликацијата
  • Интерактивност со минимално чекање за одговор од системот
  • Истовремено заменува повеќе системи за одржување на паркинг зони со тоа што ги покрива најголемиот дел од нивните функционалости
  • Овозможено плаќање преку трансакциска сметка што е олеснително за странци и туристи

3. Цели

Системот се смета за успешен доколку ги постигне следниве цели:

  • Да се прифати кај 70% од корисниците на паркинзите во текот на првата година од нејзиното пуштање во употреба
  • Да се имплементира покриеност за сите паркинг зони на сите ЈПП во центарот на Скопје
  • Да биде единствен систем кој се користи за работа на паркинг зоните во центарот на град Скопје
Last modified 3 years ago Last modified on 04/25/21 22:48:36
Note: See TracWiki for help on using the wiki.