wiki:Business

Version 1 (modified by 191019, 3 years ago) ( diff )

--

Бизнис Модел

1. Ризици

  • Корисниците да сметаат дека нашата веб-апликација ги комплицира плаќањето и започнувањето на паркинг сесија
  • ЈПП да го претпочита веќе имплементираниот систем за работа на паркинзите
  • Да не дојдеме до некаков договор со телекомуникациските компании во врска со опцијата за верификација и плаќање преку телефонска сметка со што значително би се намалиле опциите за верификација на корисници и наплаќање на паркинг
  • Вработените да не сакаат да ги прифатат задачите што следуваат со користење на апликацијата и да одбијат да ја користат

2. Предности

  • Услуга за скоро вистинит приказ на моменталната состојба на паркинг зоните на уред со пристап до интернет (единствена на пазарот).
  • Апликација со плитка хиерархија која му ја упростува на корисникот употребата на апликацијата
  • Интерактивност со минимално чекање за одговор од системот
  • Истовремено заменува повеќе системи за одржување на паркинг зони со тоа што ги покрива најголемиот дел од нивните функционалости

3. Цели

Системот се смета за успешен доколку ги постигне следниве цели:

  • Да се прифати кај 70% од корисниците на паркинзите во текот на првата година од нејзиното пуштање во употреба
  • Да се имплементира покриеност за сите паркинг зони на сите ЈПП во центарот на Скопје
  • Да биде единствен систем кој се користи за работа на паркинг зоните во центарот на град Скопје
Note: See TracWiki for help on using the wiki.