Version 4 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Бизнис Модел
1. Ризици
- ЈПП да го претпочита веќе имплементираниот систем за работа на паркинзите
- Да не дојдеме до некаков договор со телекомуникациските компании во врска со опцијата за верификација и плаќање преку телефонска сметка со што значително би се намалиле опциите за верификација на корисници и наплаќање на паркинг
- Преоптоварување на системот
2. Предности
- Услуга за скоро вистинит приказ на моменталната состојба на паркинг зоните на уред со пристап до интернет (единствена на пазарот).
- Апликација со плитка хиерархија која му ја упростува на корисникот употребата на апликацијата
- Интерактивност со минимално чекање за одговор од системот
- Истовремено заменува повеќе системи за одржување на паркинг зони со тоа што ги покрива најголемиот дел од нивните функционалости
- Овозможено плаќање преку трансакциска сметка што е олеснително за странци и туристи
3. Цели
Системот се смета за успешен доколку ги постигне следниве цели:
- Да се прифати кај 70% од корисниците на паркинзите во текот на првата година од нејзиното пуштање во употреба
- Да се имплементира покриеност за сите паркинг зони на сите ЈПП во центарот на Скопје
- Да биде единствен систем кој се користи за работа на паркинг зоните во центарот на град Скопје
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.