RebuMK
Членови на тимот
- Методи Младеновски 181085
Краток опис на проектот
Имплементација на систем за приватно такси во Македонија RebuMK (наопаку од Uber). Идејата ми е да имаме слична апликација како Uber во Македонија. Апликацијата би имала два типа на профили, Возач и патник. Патникот преку апликацијата може да повика некој возач на својата адреса. Некој од возачите го прифаќа барањето на патникот и се упатува на таа адреса. Откако возачот ќе го однесе патникот на бараното место, патникот ќе го плати превозот и возачот ке го заврши на апликацијата, почнувајќи да бара нов патник. Секако патниците ке може да ги оценуваат возачите и да им даваат разни „награди“ на апликацијата. Апликацијата зема одреден процент од секое извршено возење на возачите. Но доколку некој возач собере одреден број на награди, тој процент се намалува и се така во левели. Колку повеќе возиме, колку повеќе награди добиваме, толку повеќе пари земаме. Додека патниците ќе може да уживаат во добро и персонализирано такси, кое ќе може да го повикаат со неколку клика на мобилниот телефон.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
Апликацијата и базата на податоци ке ја поседува секако фирмата која ќе се залага за да обезбеди на граѓаните превоз од едно место до друго. Реално тоа може да биде некоја такси компанија која сака да се трансформира во некаков вид на убер компанија или пак сосема нов стартап.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Фирмата, односно проектот ке заземе положба да го реши еден од најголемите проблеми на едно општество а тоа е поефтин, побрз и подобар превоз низ градот Скопје, па и пошироко. Исто така компанијата како расте би можела да се прошири и низ другите градови низ Македонија.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе има два типа на корисници, односно еден тип ќе биде некаков вид на вработен/корисник, а тоа е возачот, додека другиот би бил патникот.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Како што добро знаеме моментално компанијата Uber мислам дека е достапна само во САД. Ова решение со некои разликовити работи да се имплементира во Република Македонија и да биде достапно и кај нас.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Ова би било веб/мобилна апликација. Воглавно мобилна апликација, но може и веб.
Attachments (1)
- reb.png (17.5 KB ) - added by 2 years ago.
Download all attachments as: .zip