| 10 | | Проектот претставува платформа за управување со настани и продажба на билети, наменета за поддршка на организаторите при креирање и управување со настани, како и на корисниците при пребарување и купување билети. Базата на податоци ќе содржи информации за корисници, организатори, настани, локации, категории, типови на билети, нарачки, плаќања, попусти, рецензии, како и податоци за распоред на активности, изведувачи и структури за седење. |
| 11 | | |
| 12 | | Системот ќе овозможи организаторите да креираат настани, да дефинираат различни типови билети и капацитет на локациите, додека корисниците ќе можат да пребаруваат настани според датум, категорија или локација, да резервираат седишта и да извршуваат купување. Посебно внимание ќе биде посветено на трансакциската обработка на купувањата, со цел да се обезбеди конзистентност при истовремени резервации на ограничен број места. |
| 13 | | |
| 14 | | Покрај оперативниот дел, системот ќе поддржува и аналитички функции преку извештаи за приходи по настан, број на продадени билети и искористеност на капацитетите. Проектот претставува практична примена на концепти од релациони бази на податоци, како трансакции, индексирање, контрола на конкурентност и анализа на податоци. |
| | 10 | Систем за онлајн нарачка и достава на производи Проектот претставува систем за онлајн нарачување и достава на различни видови производи, сличен на платформи како Wolt или Glovo. Преку системот, корисниците можат да пребаруваат продавници и производи (храна, облека, лекови, електронски уреди и сл.), да додаваат производи во кошничка и да креираат нарачка која се доставува на избрана адреса. Во системот постојат различни типови на корисници како стандардeн корисник, Premium корисник и Super корисник, при што секој тип има различни бенефиции. На пример, Premium корисниците може да имаат намалена цена за достава или специјални понуди, додека Super корисниците може да добиваат бесплатна достава или дополнителни попусти. Продавниците во системот управуваат со својата понуда на производи преку додавање, изменување и бришење на производи, како и преглед на нарачките кои ги добиваат од корисниците. Кога нарачката е подготвена, таа се доделува на доставувач кој ја презема од продавницата и ја доставува до корисникот. Доставувачите во системот имаат информации за возилото кое го користат (велосипед, мотор или автомобил) и можат да прифаќаат и доставуваат нарачки. За секоја нарачка се следи статусот на достава (во подготовка, во достава, доставена). Системот исто така поддржува различни начини на плаќање, како плаќање со готовина (кеш) при достава или плаќање со картичка. Дополнително, системот чува информации за градови и локации со цел точно дефинирање на адресите на корисниците и продавниците. Целта на системот е да обезбеди ефикасно управување со процесот на нарачка и достава помеѓу корисниците, продавниците и доставувачите. |