9 | 9 | **Кревач** е звук кој постепено се зголемува по јачина, висина на тон или некој друг параметар за модулација. Овој вид на звуци обично се додаваат за постепено зголемување на исчекувањето и поглатка транзиција од една секција во друга. Кревачите се често користени во 'SYNTHesized' поради природата на жанрот, којшто не предодредува многу густ аранжман и дозволува слобода за комбинација на поголем број на аудио записи коишто ќе свират истовремено. Исто така, голем дел од причината за користење на кревачите е количината на секции коишто меѓусебно имаат различна динамика, со што е потребен соодветен звук којшто ќе даде чувство на сличност. Меѓутоа, искористени се не повеќе од 3-4 различни аудио записи за овој вид на ефект низ целата нумера, со цел слушачот да има конзистентна и очекувана претстава за транзицијата меѓу секциите. |