Дефинирање на Проектот
Краток опис
Целта на проектот е создавање на композиција во која ќе ги опфатиме сите потребни фази за добивање на целосна песна: креирање на сите звуци и инструменти, креирање на ритам и движење, модифицирање на звуците за да звучат хармонично, компонирање на песната, додавање ефекти и други компоненти кои помагаат при дизајнирање на звукот, како и микс, мастер. Композицијата ќе биде колективна креација. Жанрот на музика во кој ќе спаѓа песната е ‘synthwave’, со оглед на тоа што главно ќе работиме со синтисајзери, а овој жанр е погоден за богата слоевитост. Примарниот софтвер со помош на којшто ќе ги изработуваме, процесираме, и, компонираме звуците е 'Supercollider'. Ќе бидат искористени многу различни звуци и инструменти кои подоцна ќе бидат испроцесирани, и на крај развиени во синтисајзер. Сите останати звуци ќе бидат генерирани со помош на разни методи на музичка продукција.
Инструменти
Име | Подинструменти
|
---|
Тапан (drums) | бас бубањ (kick), добош (snare), чинели (cymbals), перкусии (percussion)
|
Бас (bass) | нестирозиран бас (clean bass), дисторзиран бас (distorted bass)
|
Водечки синтизајзер (lead) | ---
|
Позадински синтизајзер (pad) | ---
|
Повторувачки синтизајзер (arpeggiator) | ---
|
Вокал и вокални ефекти (vocal & vocal effects) | Генериран вокал (generated vocal), Вокални ефекти (vocal effects)
|
Звучни ефекти (sound effects) | кревачи (risers), спуштачи (downers), звучни дизајн ефекти (sound design effects)
|