Version 8 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
Дефинирање на Проектот
Краток опис
Целта на проектот е создавање на композиција во која се опфаќаат сите потребни фази за создавање на една целосна песна: креирање на сите звуци и инструменти, креирање на ритам и движење, модифицирање на звуците за да звучат хармонично, компонирање на песната, додавање ефекти и други компоненти кои помагаат при дизајнирање на звукот, како и микс, мастер. Композицијата е колективна креација на сите членови од тимот, освен оние делови коишто треба да бидат изработени индивидуално по договор. Жанрот на музика во кој спаѓа песната е ‘synthwave’, со оглед на тоа што главно работиме со синтисајзери, а овој жанр е погоден за богата слоевитост. Примарниот софтвер со помош на којшто ги изработуваме, процесираме, и, компонираме звуците е SuperCollider. Искористени се многу различни звуци и инструменти кои подоцна се испроцесирани, и на крај развиени во синтисајзер. Останатите фази од музичката креација се изработени во софтверот за музичка продукција Ableton.
Инструменти
Врз основа на групна анализа на членовите на тимот, одлучено е да има 6 главни инструменти коишто го предводат аранжманот и тоа: тапан, бас, водечки синтисајзер, позадински синтисајзер, повторувачки синтисајзер, и, звучни ефекти, кои повеќе имаат улога за надополнување на звукот и подобра артикулација на звучниот пејсаж. Секој од овие инструменти си имаат свои детални улоги дефинирани со подинструментите што се користат.
Име | Подинструменти |
---|---|
Тапан (drums) | бас бубањ (kick), добош (snare), чинели (cymbals), перкусии (percussion) |
Бас (bass) | нестирозиран бас (clean bass), дисторзиран бас (distorted bass) |
Водечки синтисајзер (lead) | --- |
Позадински синтисајзер (pad) | --- |
Повторувачки синтисајзер (arpeggiator) | --- |
Звучни ефекти (sound effects) | кревачи (risers), спуштачи (downers), звучни дизајн ефекти (sound design effects) |