| 33 | **Shaker (''Шејкер'')** e перкусивен инструмент. Има многу различни варијанти на шејкери, но суштината на инструментот се состои од зрна во некој шуплив објект кој потоа се тресе наоколу. Шејкери произведуваат непрецизен и звук и немаат чист крај и почеток или attack. Со тие карактеристики на ум, при дизајнирање на компјутерски шејкер, беше имплементиран подолг attack и decay. Основата на звукот е слична како кај фусот, white noise, но опсегот на фреквенции кои остануаат на крај се пониски (меѓу 2000 и 2600 херци). За да се постигне непредвидливоста и неконзистентноста на секој „удар“ од шејкер, беа искористени рандомизирани вредности (во одреден опсег) за attack, delay, како и за кои фреквенции поточно ќе се исфилтрираат. |
| 37 | **Cowbell (''Звоно чинела'')** e перкусивен инструмент. Тој има прилично чист тон, за разлика од други перкусивни инструменти, и се истакнува. Во овој случај, при креирање на компјутерски cowbell, емулиран беше cowbell во стил на 808 ритам машини, не „вистински“ cowbell. Се искористија два брана во форма на пила (sawwave), на 420 и 900 херци. Вториот сигнал е речиси двојно поголем од вториот, што би го направило октава, но намерно не се прецизни вредностите за да се постигне detune ефект и почисто да се чујат двата сигнали. Ако беа двата сигнала точно за октава раздалечени, октавата ќе звучеше само ко хармоник на пониската фреквенција. Има брз attack и малку подолг delay, со цел малку подолго да трае звукот. Потоа, се додава исфилтриран noise, со цел да звучи како вид дисторзија. На крај се додава малку реверберација, за да звукот не звучи толку „суво“. |