Changes between Version 16 and Version 17 of Креирање на инструменти и звуци


Ignore:
Timestamp:
08/20/22 02:00:10 (2 years ago)
Author:
181076
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Креирање на инструменти и звуци

    v16 v17  
    1717**Бас Бубањ (''Kick'')** е подинструмент на бубањот кој е воглавно заслужен за внесување на удар и движење низ ниските фреквенции во миксот, со цел траката да има повеќе тело и основа. Меѓутоа, исто така е важно да се додаваат соодветни шумови и низ спектарот на високите фреквенции, со цел да имаме добро 'лепење' со остатокот од главните звуци кои доминираат во тој опсег. Во основа, има брз удар (attack), и брзо (меѓутоа нешто поспор) пуштање (release), со релативно брзи параметри за опаѓање (decay) и задршка (sustain), со тоа што тие не секогаш постојат заради едноставната синтеза на звукот. Во однос на застапеноста на брановите форми, главниот звук, во најголем дел од случаевите е синусоида (sinewave), меѓутоа, се прави синтеза и со други најразлични бранови со цел да се добие поинтересен и поподвижен тон.
    1818
     19Дадена е енвелопата на бас тапанот во прилог. И покрај тоа што повеќе тонови на овој подинструмент беа искористени, ова е најрепрезентативниот пример, но и немаше многу варијации на истата. Едноставен брз удар (attack), со нешто подолго, но сепак доста кратко спуштање (release).
     20
     21[[Image('kick-envelope.png', 850px)]]
     22
    1923=== Добош ===
    2024
    2125**Добош (''Snare'')** е комплициран подинструмент на бубањот кој е заслужен за дефинирање на главниот карактер на траката. Во светот на музиката, добошот е инструмент којшто, тонски, е најваријабилен. Слободата при создавање на овој звук е голема, меѓутоа и тој си има свои особености и правила. Тој, со својот тон движи низ целиот фреквентен спекар, со силен удар и основа во ниските и средните фреквенции, но и со одѕвонување и движење низ високите, со помош на разни видови на шумови кои се појавуваат во различни кратки периоди низ временската оска. Тој има воглавно брз удар (attack), но малку поспор од бас бубањот, може да има прилично споро или брзо пуштање (release), во зависност од својата улога, варијабилно опаѓање (decay) и задршка (sustain). При креирање и синтеза на добош, има голем број на бранови форми кои можат да бидат искомбинирани со цел да се добие основата. Во конкретниот контекст на создавање на ''synthwave'' добош, воглавно беа користени синусоида (sine wave), пила (saw wave) и триаголен бран (triangle wave).
     26
     27На сликата во прилог е прикажана енвелопата на еден од неколкуте видови на добош што беа искористени во песната, со тоа што сите останати имаат иста или многу слична на оваа. Како што беше спомнато, малку посложена е енвелопата на добошот споредбено со другите инструменти, со краток удар (attack), но не толку остар, нешто поспоро опаѓање (decay) и спуштање (release), споредбено со останатите ударни инструменти.
     28
     29[[Image('snare-envelope.png', 850px)]]
     30
     31Во прилог е дадена и сликата за посебниот вид на подинструмент на бубањот 'clap', којшто има улога да прави симулација на аплауз, и се користи како позадински звучен ефект којшто има за цел надополнување на главниот звук на основниот тон на добош. Неговата енвелопа е многу слична како и главниот добош, со тоа што е нешто поедноставен звук, со побрз и постар удар (attack), и поспоро спуштање (release), но по едноставна експоненцијална крива на оската.
     32
     33[[Image('clap-envelope.png', 850px)]]
    2234
    2335=== Чинели ===