41 | 41 | **Звучните ефекти (''Sound FX'')** се позадински ефекти коишто ја помагаат хармонијата и го поткрепуваат звучниот пејсаж на една музичка нумера. Тие се многу варијабилни и се многу зависни од типот на музиката и жанрот за којшто се работи. Нивната улога не е да бидат ударни во миксот, како главните инструменти, туку, да ги поткрепуваат истите, и да им помогнат да ја доловат темата и пораката на песната. За потребите на оваа нумера, во најголем процент се потребни кревачи (risers) и спуштачи (downers), со цел поглатка транзиција помеѓу секциите, но исто така се потребни и други ефекти, шумови и звуци кои се користат во сегменти од аранжманот каде главните инструменти немаат доволно моќ да го одржат интензитетот, и да го одржат вниманието на слушателот. |