wiki:Креирање на мелодиски линии и ритам идеи

Version 8 (modified by 181076, 2 years ago) ( diff )

--

Креирање на мелодиски линии и ритам идеи


Во оваа фаза, секој од членовите поединечно создава мелодиски линии и ритам идеи што најмногу му се допаѓаат за својот инструмент. Ова се прави со помош на различните алатки за креирање на ритмички и мелодиски секвенцери во SuperCollider. Целта на овој процес е креирање на одредени мелодиски теми и ритмови што ќе бидат составен дел од крајната композиција и кохезивно ќе функционираат. Покрај тоа што секој член од тимот индивидуално ќе создава секвенци за својот инструмент во зависност од преференците, сепак сите меѓусебно ќе бидат во постојана комуникација, со цел тие да можат да си ги надополнуваат и надградуваат меѓусебните идеи, и, со самото тоа, да се олесни крајната фаза на создавање на аранжманот на нумерата. Во прилог е поставен кодот со идеите од секој засебен член за својот инструмент, преставени преку миди (midi) информации.

Ритам секција и идеи

Во текот на оваа фаза, преку процес на групна елиминација, ќе биде изберен главен, најдоминантен ритам, со помош на комбинирање на подинструментите на бубањот, со којшто ќе се изгради јадрената ритмичка структура на песната. Врз основа на главниот ритам ќе се направат уште неколку варијации на истиот со измена на одредени елементи, со помош на коишто ќе се внесе динамика и промена во чуството во текот на песната, но исто така, и ќе се одржи главната тема. Варијациите што се прават се однесуваат на чинелите и бас бубањот како подинструменти коишто можат да си дозволат мали измени со што ќе внесат повеќе движење, но нема јадрено да ја променат структурата. Сепак, создавањето на овие варијации треба да биде внимателно, бидејќи тие треба да бидат во склоп на чуството и протокот низ секциите.

Мелодиски линии и идеи

Басот е првичниот елемент од мелодиските инструменти на којшто се обрнува најмногу внимание колективно. Тој е водилката во нумерата којшто ги спојува ритам и мелодиската секција. Поради ова, се избираат неколку главни бас линии коишто кохезивно ќе функционираат со претходно избраните секции со тапан. Водечкиот синтисајзер (lead) е главната мелодиска тема во композицијата, затоа ова е инструментот на којшто се посветува внимание како следен чекор. После избирањето на најдобрите мелодии, се доизменува и доадаптира басот за да може уште подобро да движи низ секциите со мелодиите. Амбиенталните инструменти како падови и арпежиатори се прават последни, но нивната важност е еднакво голема бидејќи, покрај фактот што нивната улога е да ги потпомагаат останатите повпечатливи инструменти, тие ја одржуваат хармониската структура на песната, којашто им дава контекст и значење на останатите мотиви.


Изворен код на идеи


ИмеЛинк до изворен код
Мелодии (melody) https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/tree/master/Ideas/Melody
Ритам (rhythm) https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/tree/master/Ideas/Rhythm

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.