5 | 5 | После собирање на ритмови и мелодиски линии од секој поединечен инструмент и група на инструменти, следи фазата на комбинирање на секои од нив во една синхронизирана композиција каде што сите парчиња ќе се надополнуваат меѓусебно за да се добие една целина која ќе создава некоја емотивна порака. Во текот на нумерата, има комбинација на повеќе видови ритмови, со различна заситеност на инструменти и перкусии, различен грув, различна брзина, различни акценти и динамика, во зависност од значењето на делницата во целината. Преку комбинација на неколку главни теми се направени бас линии и мелодии коишто доминираат низ траката и служат како највпечатливи претставници на музичката порака, а падовите, aрпежиаторите и ефектите соодветно ја создаваат позадинската хармонија и амбиент коишто потпомагаат останатите работи соодветно да имаат повеќе логика во звучниот пејсаж. |