wiki:Креирање на синхронизирана композиција

Version 13 (modified by 193162, 23 months ago) ( diff )

--

Креирање на синхронизирана композиција


После собирање на ритмови и мелодиски линии од секој поединечен инструмент и група на инструменти, следи фазата на комбинирање на секои од нив во една синхронизирана композиција каде што сите парчиња ќе се надополнуваат меѓусебно за да се добие една целина која ќе создава некоја емотивна порака. Во текот на нумерата, има комбинација на повеќе видови ритмови, со различна заситеност на инструменти и перкусии, различен грув, различна брзина, различни акценти и динамика, во зависност од значењето на делницата во целината. Преку комбинација на неколку главни теми се направени бас линии и мелодии коишто доминираат низ траката и служат како највпечатливи претставници на музичката порака, а падовите, aрпежиаторите и ефектите соодветно ја создаваат позадинската хармонија и амбиент коишто потпомагаат останатите работи соодветно да имаат повеќе логика во звучниот пејсаж.

Аранжман

Аранжирањето на песната, заедно со сите потребни композиторски елементи, но, без било каков вид на дополнително процесирање, е направено во софтверот за музичка продукција Ableton. Причината за овој избор беа предностите на овој програм за одлична прегледност на аудио записите, многу интутивен интерфејс којшто помага поголем фокус да се стави на самата музика и креативност во текот на создавањето на композицијата, отколку фокус на техничките детали и код, коишто го успоруваат и отежнуваат овој процес.

Оваа фаза течеше паралелно со подфазите "Креирање на мелодиски линии и ритам идеи" и "Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук" од причина што во текот на креативниот процес имаше постојана потреба од измени на секвенционите и амбиенталните елементи на композицијата, со цел да може финалниот продукт да биде кохезивен и создаден од елементи коишто меѓусебно се надополнуваат и креираат една целина којашто зрачи со соодветна "synthwave" емоција.

Темпото на нумерата е 93 BPM (отчукувања во минута), а тоникот/главниот клуч е Еф мол (F minor). Формата којашто е искористена е следната: Intro (Вовед) + Verse (Строфа) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Outro (Излез). Одлуката за овие детали беше направена во склоп на креативната композиторска потреба на членовите од тимот за доловување на колективната визија и чуство на нумерата.

Аранжманот на композоцијата е прилично едноставен, започнува со бас тапан, добош и арпежијатори кои што имаат lowpass и highpass филтер кој што постепено се отвара. На средина на интро секвенцата започнува да свири и филтриран бас со lowpass филтер кој што исто така се отвара постепено, кај што ниската октава од басот е намалена неколку децибели за понатаму кога ќе влезат сите инструменти да звучи помасивно. Откога ќе помине интро секвенцата, ќе влезат повеќе инструменти, како 2та падови, чинели и тапаните, арпежијаторите и басот ќе бидат целосно отворени без филтри на нив. Тука за почнува делот за строфа. После неколку повторувања, преминува на мала пауза во која што се оставени еден пад и арпежијаторите на кои што има филтер кој исто така се отвара. Од паузава со прелаз на добошот следува рефренот, кој што има различни прогресии на басовите, падовите и нови секвенци на ударните инструменти, и тука се појавуваат првите лидови кои имаат една повторувачка мелодиска линија. После овој дел се враќаме на првичната прогресија и секвенца, и тука се појавуват 2 нови лидови, а претходните престануваат да свират. Лидовиве ја свират главната мелодиска линија на композицијата која се појавува еднаш во целиот аранжман. После делов се појавува паузата и нејзе ја следува истиот рефрен од претходно. После рефренов започнува крајот на композиција, на која што пролжува мелодијата од рефренот, заедно со поедноставена варијанта на секвенцата на басот. Тука завршуваат со свирење тапаните и падовите и арпежијата. Со тоа завршува композицијата, со филтер и намалување на гласноста.

https://prnt.sc/VeQsyeOCUHPj


Проектот со сите потребни датотеки на композицијата во Ableton

https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/tree/master/Arrangement/Project

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.