wiki:Креирање на синхронизирана композиција

Version 16 (modified by 181076, 23 months ago) ( diff )

--

Креирање на синхронизирана композиција


После собирање на ритмови и мелодиски линии од секој поединечен инструмент и група на инструменти, следи фазата на комбинирање на секои од нив во една синхронизирана композиција каде што сите парчиња се надополнуваат меѓусебно за да се добие една целина која создава некаква емотивна порака. Во текот на нумерата, има комбинација на повеќе видови ритмови, со различна заситеност на инструменти и перкусии, различен грув, различна брзина, различни акценти и динамика, во зависност од значењето на делницата во целината. Преку комбинација на неколку главни теми се направени бас линии и мелодии коишто доминираат низ траката и служат како највпечатливи претставници на музичката порака, а падовите, aрпежиаторите и ефектите соодветно ја создаваат позадинската хармонија и амбиент коишто потпомагаат останатите работи соодветно да имаат повеќе логика во звучниот пејсаж.

Аранжман

Аранжирањето на песната, заедно со сите потребни композиторски елементи, но, без било каков вид на дополнително процесирање, е направено во софтверот за музичка продукција Ableton. Причината за овој избор беа предностите на овој програм за одлична прегледност на аудио записите, многу интутивен интерфејс којшто помага поголем фокус да се стави на самата музика и креативност во текот на создавањето на композицијата, отколку фокус на техничките детали и код, коишто го успоруваат и отежнуваат овој процес.

Оваа фаза течеше паралелно со подфазите "Креирање на мелодиски линии и ритам идеи" и "Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук" од причина што во текот на креативниот процес имаше постојана потреба од измени на секвенционите и амбиенталните елементи на композицијата, со цел да може финалниот продукт да биде кохезивен и создаден од елементи коишто меѓусебно се надополнуваат и креираат една целина којашто зрачи со соодветна "synthwave" емоција.

Темпото на нумерата е 93 BPM (отчукувања во минута), а тоникот/главниот клуч е Еф мол (F minor). Формата којашто е искористена е следната: Intro (Вовед) + Verse (Строфа) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Outro (Излез). Одлуката за овие детали беше направена во склоп на креативната композиторска потреба на членовите од тимот за доловување на колективната визија и чуство на нумерата.

Детален опис

Аранжманот на композоцијата е прилично едноставен, започнува со бас тапан, добош и арпежиатори кои што имаат 'Low pass'и 'High pass' филтер кој што постепено се отвара. На средина на интро секвенцата започнува да свири и филтриран бас со 'Low pass' филтер кој што исто така се отвара постепено, каде што ниската октава од басот е намалена за неколку децибели за понатаму кога ќе влезат сите инструменти да звучи помасивно.

Откога ќе помине интро секвенцата, влегуваат повеќе инструменти, како 2та падови, чинели и тапаните, арпежиаторите и басот стануваат целосно отворени без филтри на нив. Тука започнува делот за строфа. После неколку повторувања, преминува на мала пауза во која што се оставени еден пад и арпежиаторите на коишто има филтер кој исто така се отвара.

Од паузата со транзиција на добошот следува рефренот, кој што има различни прогресии на басовите, падовите и нови секвенци на ударните инструменти, а тука се појавуваат и првите лидови кои имаат една повторувачка мелодиска линија.

После овој дел се враќа првичната прогресија и секвенца, и тука се појавуват 2 нови лидови, а претходните престануваат да свират. Овие водечки синтисајзери ја свират главната мелодиска линија на композицијата која се појавува еднаш во целиот аранжман. После оваа секција се појавува паузата и нејзе ја следува истиот рефрен од претходно.

После рефренот започнува крајот на композиција, во којашто започнува мелодијата од рефренот, заедно со поедноставена варијанта на секвенцата на басот. Тука завршуваат со свирење тапаните, падовите и арпежиаторите. Со тоа завршува композицијата, при што се аплицира филтер и намалување на гласноста.

Во прилог се наоѓа финалниот поглед од проектот во којашто се гледа структурата при организацијата и аранжирањето на аудио записите во Ableton, коишто се експортирани од SuperCollider, каде што беа претходно изгенерирани.


Проектот со сите потребни датотеки на композицијата во Ableton

https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/tree/master/Arrangement/Project

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.