wiki:Креирање на синхронизирана композиција

Version 8 (modified by 181076, 2 years ago) ( diff )

--

Креирање на синхронизирана композиција


После собирање на ритмови и мелодиски линии од секој поединечен инструмент и група на инструменти, следи фазата на комбинирање на секои од нив во една синхронизирана композиција каде што сите парчиња ќе се надополнуваат меѓусебно за да се добие една целина која ќе создава некоја емотивна порака. Во текот на нумерата, има комбинација на повеќе видови ритмови, со различна заситеност на инструменти и перкусии, различен грув, различна брзина, различни акценти и динамика, во зависност од значењето на делницата во целината. Преку комбинација на неколку главни теми се направени бас линии и мелодии коишто доминираат низ траката и служат како највпечатливи претставници на музичката порака, а падовите, aрпежиаторите и ефектите соодветно ја создаваат позадинската хармонија и амбиент коишто потпомагаат останатите работи соодветно да имаат повеќе логика во звучниот пејсаж.

Аранжман

Аранжирањето на песната, заедно со сите потребни композиторски елементи, но, без било каков вид на дополнително процесирање, е направено во софтверот за музичка продукција Ableton. Причината за овој избор беа предностите на овој програм за одлична прегледност на аудио записите, многу интутивен интерфејс којшто помага поголем фокус да се стави на самата музика и креативност во текот на создавањето на композицијата, отколку фокус на техничките детали и код, коишто го успоруваат и отежнуваат овој процес.

Оваа фаза течеше паралелно со подфазите "Креирање на мелодиски линии и ритам идеи" и "Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук" од причина што во текот на креативниот процес имаше постојана потреба од измени на секвенционите и амбиенталните елементи на композицијата, со цел да може финалниот продукт да биде кохезивен и создаден од елементи коишто меѓусебно се надополнуваат и креираат една целина којашто зрачи со соодветна "synthwave" емоција.

Темпото на нумерата е 93 BPM (отчукувања во минута), а тоникот/главниот клуч е Еф мол (F minor). Формата којашто е искористена е следната: Intro (Вовед) + Verse (Строфа) + Prechorus 1 (Предрефрен 1) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Prechorus 2 (Предрефрен 2) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Outro (Излез). Одлуката за овие детали беше направена во склоп на креативната композиторска потреба на членовите од тимот за доловување на колективната визија и чуство на нумерата.


Проектот со сите потребни датотеки на композицијата во Ableton

https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/tree/master/Arrangement/Project

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.