36 | 36 | Падовите беа доста едноставни да се вклопат во миксот на композицијата. Се состојат од 2 звука кои што свират низ цела песна, еден низок, а другиот повисок. На почеток на нискиот пад имам ставено **Корус** кој што го прави звукот по широк кој што одговара многу за таа боја на звук. [[Image('19.png')]]. После тоа имам ставено **Компресор** за да ги компресира падовите и издолжи [[Image('20.png')]]. После ова имам ставено **Еквилајзер** кој што ги крати сите **ниски фреквенции под 65 Hz** и **намалувам кај 368 Hz за -1.9 dB и на 870 Hz за -3.1 dB**. [[Image('21.png')]] На вториот пад воглавно е слично, но нема еквилајзер. Корусот е сличен само има намален Delay и појачан Dry/Wet микс [[Image('22.png')]], а на компресорот намален Threshold [[Image('23.png')]]. На Pad Buss групата имам само ставен еден **Еквилајзер** на кој што ги **кратам сите фреквенции под 104 Hz** со Highpass, ги **намалува за -1.9 dB на 605 Hz** и **појачувам кај 5.7 KHz за 1.9 dB**, и кратам со **Lowpass фреквенции над 13 KHz**. [[Image('24.png')]] |