Changes between Version 6 and Version 7 of Микс и мастер


Ignore:
Timestamp:
08/19/22 16:26:08 (23 months ago)
Author:
193162
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Микс и мастер

    v6 v7  
    1111За потребите на 'SYNTHesized' беше искористен таканаречениот **одоздола-нагоре ('bottom-up')** пристап за миксање. Тоа е пристап во коишто прво се процесираат аудио записите изолирани со цел да се добие звук којшто ќе одговара засебно за нив. А потоа, се создаваат групи од записи врз основа на направената проценка на инженерот коишто ќе имаат потреба од заемно процесирање, и на крај, се групираат сите траки во една финална целина. Во процесот, се слушаат изолирано повеќе групи од траки за да се провери дали тие функционираат како што треба во завршниот аудио спектар. Покрај индивидуалното процесирање во 'SYNTHesized', беа направени посебни групи на траки од бубањ, бас, падови, водечки синтисајзери, арпежиатори и ефекти, пред нивно комбинирање во завршниот аудио канал.
    1212
     13==Тапани==
     14
     15Бас Тапан
     16Бидејќи бојата на самиот бас тапан која е синтетизирана во SuperCollider беше чудна, морав да искористам многу bands на Еквилајзерот кој што го искористив за да ги променам тоналните карактеристики на истиот, да не звучи толку “boxy” и да има доста високи фреквенции кои што продираат полесно во миксот и кои одговараат повеќе на стилот на композицијата (3)
     17Потоа бас тапанот беше дуплиран со цел дупликатот да се искористи за да се извадат повеќе ниски и суб-фреквенции од бас тапанот (1). На овој канал имам ставено Еквилајзер кој што ги крати сите фреквенции над 76.3 Hz и под 17.7 Hz користејќи Lowpass и Highpass, и ги накачува фреквенциите на 52.1 Hz за 2.78dB. Следно додадов Сатуратор кој што му додава малку дисторзија и боја на слојов (Слика 2). После сево ова каналиве беа групирани и процесирани со Компресор и уште еден Еквилајзер. Најпрво имам наместено компресор кој што го истакнува иницијалниот удар на бас тапанот (Transient). (5) Потоа на еквилајзерот имам скратено ниски фреквенции околу 31.4 Hz, кревам неколку околу 50 Hz за 2.45dB , за да ги истакнам ниските уште повеќе, потоа симнувам некои фреквенции околу 350 Hz за -3.92dB и кревам високи околу 7.5 KHz за 3 dB. (4)
     18
     19Добош
     20После бас тапанот следи добошот. Започнав да го миксам со тоа што му ставив Еквилајзер за да доадам повеќе тело кое што му фалеше на синтетизираниот звук, со тоа што кренав 132 Hz за 11 dB. Обично не би го направил ова, но за конкретниов стил на композиција и за звукот одговараше. После ова тргнав да ги отстранам сите непотребни фреквенции под 88 Hz користејќи Highpass, малку ги отстранив тие “boxy” фреквенции околу 1 KHz за -4 dB и скратив малку од шумот околу 6.2 KHz za -2.2 dB. После ова ги скратив сите фреквенции над 11 KHz користејќи Highpass бидејќи не се лепеа убаво за миксот и многу шуштеа. (6) После ова ставив Компресор на сличен начин како бас тапанот го користам да извадам повеќе удар од самиот звук, но овој пат го користам и да ја појачам опашката на добошот и истовремено да ја продолжам малку. (7)
     21
     22Фус/Чинели/Hi Hat
     23На чинелите и фусот не сум направил ништо посебно, бидејќи не сметав дека треба. На нив само им додадов еден Еквилајзер на кој што користам Lowpass на 13.4 KHz за да отсранам малку од високиот шум, и кратам -2.78 dB на 5 KHz. (8)
     24
     25Тапани Buss
     26
     27После миксање на сите делови одделно, ги праќам во група така наречена Drum Buss во која што имам ставено неколку плагини за процесирање, и плагин за Reverb.
     28Прво имам ставено Еквилајзер на кој што кратам ниски фреквенции под 27 Hz со Highpass и кратам над 16 KHz со Lowpass. Потоа имам намалено средни на 129 Hz за -1.2 dB и на 348 Hz за -2.5 dB. И на крај појачав високи за 1.7 dB на околу 7.6 KHz. (9) После ова имам ставено плагин за Реверберација на кој што го имам наместено на следниов начин (10), бидејќи сакав да го ставам тапанов во некој простор, и имам земено инспирација од звукот на 80-тите каде што на тапаните преовладува многу реверб. За да се истакне повеќе овој реверб, имам ставено Компресор кој што ги истакнува главните удари, но и опашките (11). И на крај, имам ставено плагин кој што емулира сатурација на магнетна лента (12)
     29
    1330== Мастер ==
    1431