Version 14 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
Микс и мастер
По комплетирањето на аранжманскиот и креативниот дел од креирањето на синхронизирана композиција, потребна е дополнителна синхронизација на засебните елементи и аудио записи од коишто истата е составена. Ова се прави во двете подфази: микс и мастеринг. Целта на оваа завршна фаза е секој посебен аудио запис во нумерата да си го најде своето место во фреквентниот опсег и истиот да се обликува на начин преку којшто ќе прави кохезивно соединување со остатокот од траките и ќе биде во склоп на целната емотивна порака на композицијата. Сите членови на тимот еднакво со својот труд допринесуваат во оваа фаза, но, членот којшто ја има улогата на продуцент го координира целиот процес и ги предлага насоките за процесирање, како фаза во којашто е потребно техничко знаење за звук, продукција, аудио спектрален и фреквентен опсег, за којшто пак исто така е потребно многу искуство од областа. Комплетниот изворен код на финалното микс и мастер процесирање е дадено во прилог.
Микс
Во светот на аудио снимање и продукција, аудио миксање е процесот на оптимизирање и комбинирање на повеќе аудио снимки во еден финален моно или стерео запис. Во процесот на комбинирањето на засебните траки, нивните релативни нивоа се прилагодуваат и балансираат со помош на разни процеси како што се изедначување, компресија, лимитирање, ефекти на реверберација, повторување, хор, дуплирање, филтер, панирање итн. Техниките и пристапите за миксање варираат многу во зависност од комплексноста на проектот, преференците и навиките на микс инженерот, но и од потребите на самата композиција.
За потребите на 'SYNTHesized' беше искористен таканаречениот одоздола-нагоре ('bottom-up') пристап за миксање. Тоа е пристап во коишто прво се процесираат аудио записите изолирани со цел да се добие звук којшто ќе одговара засебно за нив. А потоа, се создаваат групи од записи врз основа на направената проценка на инженерот коишто ќе имаат потреба од заемно процесирање, и на крај, се групираат сите траки во една финална целина. Во процесот, се слушаат изолирано повеќе групи од траки за да се провери дали тие функционираат како што треба во завршниот аудио спектар. Покрај индивидуалното процесирање во 'SYNTHesized', беа направени посебни групи на траки од бубањ, бас, падови, водечки синтисајзери, арпежиатори и ефекти, пред нивно комбинирање во завршниот аудио канал.
Бас Тапан Бидејќи бојата на самиот бас тапан која е синтетизирана во SuperCollider беше чудна, морав да искористам многу bands на Еквилајзерот кој што го искористив за да ги променам тоналните карактеристики на истиот, да не звучи толку “boxy” и да има доста високи фреквенции кои што продираат полесно во миксот и кои одговараат повеќе на стилот на композицијата Потоа бас тапанот беше дуплиран со цел дупликатот да се искористи за да се извадат повеќе ниски и суб-фреквенции од бас тапанот . На овој канал имам ставено Еквилајзер кој што ги крати сите фреквенции над 76.3 Hz и под 17.7 Hz користејќи Lowpass и Highpass, и ги накачува фреквенциите на 52.1 Hz за 2.78dB. Следно додадов Сатуратор кој што му додава малку дисторзија и боја на слојов . После сево ова каналиве беа групирани и процесирани со Компресор и уште еден Еквилајзер. Најпрво имам наместено компресор кој што го истакнува иницијалниот удар на бас тапанот (Transient). Потоа на еквилајзерот имам скратено ниски фреквенции околу 31.4 Hz, кревам неколку околу 50 Hz за 2.45dB , за да ги истакнам ниските уште повеќе, потоа симнувам некои фреквенции околу 350 Hz за -3.92dB и кревам високи околу 7.5 KHz за 3 dB.
Добош После бас тапанот следи добошот. Започнав да го миксам со тоа што му ставив Еквилајзер за да доадам повеќе тело кое што му фалеше на синтетизираниот звук, со тоа што кренав 132 Hz за 11 dB. Обично не би го направил ова, но за конкретниов стил на композиција и за звукот одговараше. После ова тргнав да ги отстранам сите непотребни фреквенции под 88 Hz користејќи Highpass, малку ги отстранив тие “boxy” фреквенции околу 1 KHz за -4 dB и скратив малку од шумот околу 6.2 KHz za -2.2 dB. После ова ги скратив сите фреквенции над 11 KHz користејќи Highpass бидејќи не се лепеа убаво за миксот и многу шуштеа. После ова ставив Компресор на сличен начин како бас тапанот го користам да извадам повеќе удар од самиот звук, но овој пат го користам и да ја појачам опашката на добошот и истовремено да ја продолжам малку.
Фус / Чинели / Hi Hat На чинелите и фусот не сум направил ништо посебно, бидејќи не сметав дека треба. На нив само им додадов еден Еквилајзер на кој што користам Lowpass на 13.4 KHz за да отсранам малку од високиот шум, и кратам -2.78 dB на 5 KHz.
Тапани Buss
После миксање на сите делови одделно, ги праќам во група така наречена Drum Buss во која што имам ставено неколку плагини за процесирање, и плагин за Reverb. Прво имам ставено Еквилајзер на кој што кратам ниски фреквенции под 27 Hz со Highpass и кратам над 16 KHz со Lowpass. Потоа имам намалено средни на 129 Hz за -1.2 dB и на 348 Hz за -2.5 dB. И на крај појачав високи за 1.7 dB на околу 7.6 KHz. После ова имам ставено плагин за Реверберација на кој што го имам наместено на следниов начин , бидејќи сакав да го ставам тапанов во некој простор, и имам земено инспирација од звукот на 80-тите каде што на тапаните преовладува многу реверб. За да се истакне повеќе овој реверб, имам ставено Компресор кој што ги истакнува главните удари, но и опашките . И на крај, имам ставено плагин кој што емулира сатурација на магнетна лента
Басови
Басовите се состојат од 2 звука, еден кој што е октава повисок од другиот, од кои има уште 2 канала кои што се истите звуци ама само се искористени за крајот. За да ги вклопам во миксот не требаше многу работа. На вториот бас му додадов еден Еквилајзер кој што има само еден band на 635 Hz кој што е кренат за 2.2 dB. На последните 2 басови имам ставено Lowpass филтри на 1500 Hz бидејќи се само користени на крајот и сакав да не штрчат високите на тој дел но да ги има ниските. Понатаму сите овие басови идат во група наречена Bass Buss во која го имам извршено најголемиот дел од процесирањето.
Мастер
Мастерирање е една форма на аудио пост продукција и претставува процес на подготовка и пренос на снимено аудио од извор што го содржи финалниот микс аудио матријал до уред за складирање на податоци, извор кој ќе ги произведува сите копии (преку методи на притискање, дуплирање или репликација). Постои една важна поделба во стилот на мастерирање: дигитален мастер и аналоген мастер. Дигиталното мастерирање звучи многу поисполирано и почисто, со тоа што не ги содржи шумовите и несаканите ефекти од аудио лентите на аналогните процесирачки единици. Во последните декади најчесто користено е дигиталното мастерирање, но музичката индустрија сеуште го користи аналогното мастерирање во ситуации кога истото смета за посоодветно, бидејќи и тоа си има свои позитивни страни како поопширна хармонска комплексност на аудио спектарот и многу поприроден звук.
За мастерирањето на 'SYNTHesized' беше искористен дигитален мастеринг заради естимацијата на тимот дека тој би бил многу посоодветен за стилот на композицијата. За манипулирањето и скулптурирањето на звукот беа искористени мали процесирачки движења за изедначување, компресија на динамички опсег, лимитање, како и паралелна компресија со цел оптимизирање на преводот на звукот на сите системи за репродукција.
Датотеката со микс и мастер процесирањата во SuperCollider
https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/blob/master/Mix/mix_master.scd
Attachments (48)
- 1.png (136.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 2.png (21.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 3.png (121.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 4.png (120.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 5.png (19.1 KB ) - added by 2 years ago.
- 6.png (126.7 KB ) - added by 2 years ago.
- 7.png (24.7 KB ) - added by 2 years ago.
- 8.png (105.0 KB ) - added by 2 years ago.
- 9.png (118.2 KB ) - added by 2 years ago.
- 10.png (37.4 KB ) - added by 2 years ago.
- 11.png (28.2 KB ) - added by 2 years ago.
- 15.png (27.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 13.png (140.0 KB ) - added by 2 years ago.
- 14.png (115.9 KB ) - added by 2 years ago.
- 16.png (14.9 KB ) - added by 2 years ago.
- 17.png (118.4 KB ) - added by 2 years ago.
- 18.png (20.8 KB ) - added by 2 years ago.
- 19.png (15.3 KB ) - added by 2 years ago.
- 20.png (22.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 21.png (128.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 22.png (15.2 KB ) - added by 2 years ago.
- 23.png (18.3 KB ) - added by 2 years ago.
- 24.png (128.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 25.png (15.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 26.png (120.9 KB ) - added by 2 years ago.
- 27.png (15.7 KB ) - added by 2 years ago.
- 28.png (127.2 KB ) - added by 2 years ago.
- 29.png (109.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 30.png (137.2 KB ) - added by 2 years ago.
- 31.png (144.9 KB ) - added by 2 years ago.
- 32.png (130.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 33.png (18.3 KB ) - added by 2 years ago.
- 34.png (117.2 KB ) - added by 2 years ago.
- 35.png (22.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 36.png (10.0 KB ) - added by 2 years ago.
- 37.png (26.3 KB ) - added by 2 years ago.
- 38.png (12.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 39.png (6.4 KB ) - added by 2 years ago.
- 40.png (14.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 41.png (15.0 KB ) - added by 2 years ago.
- 42.png (10.0 KB ) - added by 2 years ago.
- 43.png (14.3 KB ) - added by 2 years ago.
- 44.png (6.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 45.png (33.6 KB ) - added by 2 years ago.
- 46.png (5.5 KB ) - added by 2 years ago.
- 47.png (11.3 KB ) - added by 2 years ago.
- 48.png (10.0 KB ) - added by 2 years ago.
- 49.png (13.2 KB ) - added by 2 years ago.