wiki:Микс и мастер

Version 22 (modified by 181076, 21 months ago) ( diff )

--

Микс и мастер


По комплетирањето на аранжманскиот и креативниот дел од креирањето на синхронизирана композиција, потребна е дополнителна синхронизација на засебните елементи и аудио записи од коишто истата е составена. Ова се прави во двете подфази: микс и мастеринг. Целта на оваа завршна фаза е секој посебен аудио запис во нумерата да си го најде своето место во фреквентниот опсег и истиот да се обликува на начин преку којшто ќе прави кохезивно соединување со остатокот од траките и ќе биде во склоп на целната емотивна порака на композицијата. Сите членови на тимот еднакво со својот труд допринесуваат во оваа фаза, но, членот којшто ја има улогата на продуцент го координира целиот процес и ги предлага насоките за процесирање, како фаза во којашто е потребно техничко знаење за звук, продукција, аудио спектрален и фреквентен опсег, за којшто пак исто така е потребно многу искуство од областа. Комплетниот изворен код на финалното микс и мастер процесирање е дадено во прилог.

Микс

Во светот на аудио снимање и продукција, аудио миксање е процесот на оптимизирање и комбинирање на повеќе аудио снимки во еден финален моно или стерео запис. Во процесот на комбинирањето на засебните траки, нивните релативни нивоа се прилагодуваат и балансираат со помош на разни процеси како што се изедначување, компресија, лимитирање, ефекти на реверберација, повторување, хор, дуплирање, филтер, панирање итн. Техниките и пристапите за миксање варираат многу во зависност од комплексноста на проектот, преференците и навиките на микс инженерот, но и од потребите на самата композиција.

За потребите на 'SYNTHesized' беше искористен таканаречениот одоздола-нагоре ('bottom-up') пристап за миксање. Тоа е пристап во коишто прво се процесираат аудио записите изолирани со цел да се добие звук којшто ќе одговара засебно за нив. А потоа, се создаваат групи од записи врз основа на направената проценка на инженерот коишто ќе имаат потреба од заемно процесирање, и на крај, се групираат сите траки во една финална целина. Во процесот, се слушаат изолирано повеќе групи од траки за да се провери дали тие функционираат како што треба во завршниот аудио спектар. Покрај индивидуалното процесирање во 'SYNTHesized', беа направени посебни групи на траки од бубањ, бас, падови, водечки синтисајзери, арпежиатори и ефекти, пред нивно комбинирање во завршниот аудио канал.

Во прилог се опишани детално процесирањата коишто се прават на инструментите и групите во коишто тие се соодветно поделени.

Тапан

Бас Тапан

Бидејќи бојата на самиот бас тапан која е синтетизирана преку комбинација на повеќе бранови имаше потреба од модификација, требаше да се искористат повеќе групи на Еквилајзерот за да се променат тоналните карактеристики на истиот, со цел да не звучи толку “boxy”, односно да не звучи како да е во кутија, и, да има доста високи фреквенции кои што продираат полесно во миксот и кои одговараат повеќе на стилот на композицијата. Тој визуелно е преставен на сликата во прилог.

Потоа бас тапанот беше дуплиран во посебна трака со цел да се извадат повеќе ниски и суб-фреквенции од бас тапанот. На овој канал ставен е Еквилајзер којшто ги крати сите фреквенции над 76.3 Hz и под 17.7 Hz користејќи Lowpass и Highpass филтер, и ги накачува фреквенциите на 52.1 Hz за 2.78dB. Ова процесирање е прикажано на следнава слика.

Следно додадон е Сатуратор кој што му додава малку соодветна дисторзија и боја на слојот.

.

Овие канали на бас тапанот на крај се групирани и процесирани со Компресор и уште еден Еквилајзер. Најпрво, наместен е компресор прикажан во прилог којшто го истакнува иницијалниот удар на бас тапанот (Transient).

Потоа на еквилајзерот се скратени ниски фреквенции околу 31.4 Hz, а се кренати околу 50 Hz за 2.45dB, со цел да се истакнат ниските уште повеќе. За крај, скратени се некои фреквенции околу 350 Hz за -3.92dB, а се креваат истите околу 7.5 KHz за 3 dB, и сето тоа е прикажано подетално на сликата во прилог.

Добош

После бас тапанот следи добошот. За почеток, на овој подинструмент му беше ставено Еквилајзер за да се доадае повеќе тело коешто му фалеше на синтетизираниот звук, со тоа што беа кренати фреквенциите околу 32 Hz за 11 dB. Овој потег е многу невообичаен за фазата на микс, но за конкретниов стил на композиција и за звукот одговараше таквото нешто. После ова тргнав да ги отстранам сите непотребни фреквенции под 88 Hz користејќи Highpass филтер, малку ги отстранив тие “boxy” (ефект на кутија) фреквенции околу 1 KHz за -4 dB, и, беше скратен малку од шумот околу 6.2 KHz за -2.2 dB. После ова, беа скратени сите фреквенции над 11 KHz користејќи Highpass филтер бидејќи не се лепеа убаво за миксот и имаа неприроден шум. Овие процесирања се дадени на сликата подолу.

После ова беше ставен Компресор којшто на сличен начин како бас тапанот се користи за да се извади повеќе удар од самиот звук, но овој пат се користи и за да се покачи опашката на добошот и истовремено да се продолжи малку истата. Другите поставки на компресорот може да се видат на сликата подолу.

Фус/Чинели

На чинелите и фусот не се направени некои големи и нагли чекори, бидејќи беше одлучено дека нема потреба од истите. На нивбеше додаден само еден Еквилајзер на којшто е ставен еден Lowpass филтер на 13.4 KHz за да се отстрани малку од високиот шум, и, исто така, се крати -2.78 dB на 5 KHz, коешто впрочем може да се види и на сликата дадена во прилог.

Група: Тапани

После миксање на сите делови одделно, ги праќам во група така наречена Drum Buss во која што имам ставено неколку плагини за процесирање, и плагин за Reverb. Прво имам ставено Еквилајзер на кој што кратам ниски фреквенции под 27 Hz со Highpass и кратам над 16 KHz со Lowpass. Потоа имам намалено средни на 129 Hz за -1.2 dB и на 348 Hz за -2.5 dB. И на крај појачав високи за 1.7 dB на околу 7.6 KHz. После ова имам ставено плагин за Реверберација на кој што го имам наместено на следниов начин , бидејќи сакав да го ставам тапанов во некој простор, и имам земено инспирација од звукот на 80-тите каде што на тапаните преовладува многу реверб. За да се истакне повеќе овој реверб, имам ставено Компресор кој што ги истакнува главните удари, но и опашките . И на крај, имам ставено плагин кој што емулира сатурација на магнетна лента No image "12.png" attached to Микс и мастер

Басови

Басовите се состојат од 2 звука, еден кој што е октава повисок од другиот, од кои има уште 2 канала кои што се истите звуци ама само се искористени за крајот. За да ги вклопам во миксот не требаше многу работа. На вториот бас му додадов еден Еквилајзер кој што има само еден band на 635 Hz кој што е кренат за 2.2 dB. На последните 2 басови имам ставено Lowpass филтри на 1500 Hz бидејќи се само користени на крајот и сакав да не штрчат високите на тој дел но да ги има ниските. Понатаму сите овие басови идат во група наречена Bass Buss во која го имам извршено најголемиот дел од процесирањето. Започнувам со Компресор кој што го искористив за да го намалам ударот од нотите но исто така да ја доближам сите удари да имаат слична должина. No image "145.png" attached to Микс и мастер Потоа имам ставено Корус плагин кој што го прави звукот помасовен и додава интересна боја на самиот бас. После тоа следува Еквилајзер на кој што имам направено Lowpass на 8.2 KHz и Highpass на 22.9 Hz, имам појачано 70 Hz за 1.2 dB и на 912 Hz за 1.4 dB. После ова имам ставено Сатуратор кој што ги заситува басовите малку и ги појачува.

Падови

Падовите беа доста едноставни да се вклопат во миксот на композицијата. Се состојат од 2 звука кои што свират низ цела песна, еден низок, а другиот повисок. На почеток на нискиот пад имам ставено Корус кој што го прави звукот по широк кој што одговара многу за таа боја на звук. . После тоа имам ставено Компресор за да ги компресира падовите и издолжи . После ова имам ставено Еквилајзер кој што ги крати сите ниски фреквенции под 65 Hz и намалувам кај 368 Hz за -1.9 dB и на 870 Hz за -3.1 dB. На вториот пад воглавно е слично, но нема еквилајзер. Корусот е сличен само има намален Delay и појачан Dry/Wet микс , а на компресорот намален Threshold . На Pad Buss групата имам само ставен еден Еквилајзер на кој што ги кратам сите фреквенции под 104 Hz со Highpass, ги намалува за -1.9 dB на 605 Hz и појачувам кај 5.7 KHz за 1.9 dB, и кратам со Lowpass фреквенции над 13 KHz.

Лидови

Лидовите се состојат од 9 канали кои што се групирани во 2 групи, една од 10-14, друга од 15-18, но траките од 12-13 се исти ко 11-12 само се поместени подесно, бидејќи сакав да ја оставам опашката на 10-11 лидовите. Првите лидови од 10-14 ја свират главната мелодија на еден дел од композицијата и на нив имам ставено Корус ефект за да звучат пошироко , и после тоа Еквилајзер на кој што кратам фреквенции под 180 Hz користејќи Highpass, после тоа кратам -1.63 dB на 798 Hz, и појачувам 1.8 dB на 4.3 KHz. Слично имам направено и за лидовите кои се групирани од 15-18 кои што имаат малку поразлични подесувања од претходниот. И накрај на цела Lead Buss група имам ставено само еден Еквилајзер на кој намалувам -2.3 dB на 1.1 KHz, и исто толку појачувам на 7.7 KHz, и кратам високи фреквенции над 21 KHz (можеби нема потреба од ова).

Арпежијатори

Арпежијаторите беа доста едноставни да се вклопат во миксот, со тоа што на почетокот кога ги слушнав приметив дека имаат малку чудни средни фреквенции околу 300-350 Hz, со тоа што повеќе од корекциите што ги имам направено се во тој дел. Има 3 арпежијатори на кои што само на 2 имам ставено Еквилајзери. На првиот само намалувам 320 Hz за -2.6 dB, а на вториот намалувам 338 Hz за 2.8 dB и појачувам 1.6 dB на 1.2 KHz. После триве арпежија идат во Arp Buss група на која што имам ставено Еквлилајзер кај што кратам се под 139 Hz со Highpass, намалувам 500 Hz за -5.4 dB, кревам 1.8 dB 6 KHz и кратам фреквенции над 11.4 KHz со Lowpass. После ова имам ставено Компресор кој што го истакнува секој удар малку повеќе.

Звучни Ефекти

На звучните ефекти не им правев некој посебен микс, сметав дека добро се вклопија во целиот микс и нема потреба од дополнително процесирање

Мастер

Мастерирање е една форма на аудио пост продукција и претставува процес на подготовка и пренос на снимено аудио од извор што го содржи финалниот микс аудио матријал до уред за складирање на податоци, извор кој ќе ги произведува сите копии (преку методи на притискање, дуплирање или репликација). Постои една важна поделба во стилот на мастерирање: дигитален мастер и аналоген мастер. Дигиталното мастерирање звучи многу поисполирано и почисто, со тоа што не ги содржи шумовите и несаканите ефекти од аудио лентите на аналогните процесирачки единици. Во последните декади најчесто користено е дигиталното мастерирање, но музичката индустрија сеуште го користи аналогното мастерирање во ситуации кога истото смета за посоодветно, бидејќи и тоа си има свои позитивни страни како поопширна хармонска комплексност на аудио спектарот и многу поприроден звук.

За мастерирањето на 'SYNTHesized' беше искористен дигитален мастеринг заради естимацијата на тимот дека тој би бил многу посоодветен за стилот на композицијата. За манипулирањето и скулптурирањето на звукот беа искористени мали процесирачки движења за изедначување, компресија на динамички опсег, лимитање, како и паралелна компресија со цел оптимизирање на преводот на звукот на сите системи за репродукција.

Мастерот на композицијава започнува со Еквилајзер за да кој го користам за да направам некои мали корекции и да појачам некои одредени фреквенции. Започнувам со кратење ниски фреквенции под 20 Hz користејќи Highpass. Потоа појачувам 42.6 Hz за 1.39 dB за малку повеќе да се слушаат ниските суб фреквенции на Бас Тапанот и Басовите, па потоа намалувам бас фреквенции околу 110 Hz за -1.39 dB и 338 Hz за -0.65 dB, и на крај појачувам околу 11.4 KHz за 1 dB за да додадам малку повеќе високи фреквенции. Потоа имам наместено компресор кој што го лепи се миксот и динамички го изедначува. И на крај на синџирот имам наместено лимитер кој што ги крати сите пикови и го изедначува миксот на -0.3 dB

Датотеката со микс и мастер процесирањата во SuperCollider

https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/blob/master/Mix/mix_master.scd

Attachments (48)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.