wiki:Микс и мастер

Version 5 (modified by 181076, 2 years ago) ( diff )

--

Микс и мастер


По комплетирањето на аранжманскиот и креативниот дел од креирањето на синхронизирана композиција, потребна е дополнителна синхронизација на засебните елементи и аудио записи од коишто истата е составена. Ова се прави во двете подфази: микс и мастеринг. Целта на оваа завршна фаза е секој посебен аудио запис во нумерата да си го најде своето место во фреквентниот опсег и истиот да се обликува на начин преку којшто ќе прави кохезивно соединување со остатокот од траките и ќе биде во склоп на целната емотивна порака на композицијата. Сите членови на тимот еднакво со својот труд допринесуваат во оваа фаза, но, членот којшто ја има улогата на продуцент го координира целиот процес и ги предлага насоките за процесирање, како фаза во којашто е потребно техничко знаење за звук, продукција, аудио спектрален и фреквентен опсег, за којшто пак исто така е потребно многу искуство од областа. Комплетниот изворен код на финалното микс и мастер процесирање е дадено во прилог.

Микс

Во светот на аудио снимање и продукција, аудио миксање е процесот на оптимизирање и комбинирање на повеќе аудио снимки во еден финален моно или стерео запис. Во процесот на комбинирањето на засебните траки, нивните релативни нивоа се прилагодуваат и балансираат со помош на разни процеси како што се изедначување, компресија, лимитирање, ефекти на реверберација, повторување, хор, дуплирање, филтер, панирање итн. Техниките и пристапите за миксање варираат многу во зависност од комплексноста на проектот, преференците и навиките на микс инженерот, но и од потребите на самата композиција.

За потребите на 'SYNTHesized' беше искористен таканаречениот одоздола-нагоре ('bottom-up') пристап за миксање. Тоа е пристап во коишто прво се процесираат аудио записите изолирани со цел да се добие звук којшто ќе одговара засебно за нив. А потоа, се создаваат групи од записи врз основа на направената проценка на инженерот коишто ќе имаат потреба од заемно процесирање, и на крај, се групираат сите траки во една финална целина. Во процесот, се слушаат изолирано повеќе групи од траки за да се провери дали тие функционираат како што треба во завршниот аудио спектар. Покрај индивидуалното процесирање во 'SYNTHesized', беа направени посебни групи на траки од бубањ, бас, падови, водечки синтисајзери, арпежиатори и ефекти, пред нивно комбинирање во завршниот аудио канал.

Мастер

Мастерирање е една форма на аудио пост продукција и претставува процес на подготовка и пренос на снимено аудио од извор што го содржи финалниот микс аудио матријал до уред за складирање на податоци, извор кој ќе ги произведува сите копии (преку методи на притискање, дуплирање или репликација). Постои една важна поделба во стилот на мастерирање: дигитален мастер и аналоген мастер. Дигиталното мастерирање звучи многу поисполирано и почисто, со тоа што не ги содржи шумовите и несаканите ефекти од аудио лентите од аналогните процесирачки единици. Во последните декади најчесто користено е дигиталното мастерирање, но музичката индустрија сеуште го користи аналогното мастерирање во ситуации кога се смета тоа за посоодветно, бидејќи и тоа си има свои позитивни страни како поопширна хармонска комплексност на аудио спектарот и многу поприроден звук.

За мастерирањето на 'SYNTHesized' беше искористен дигитален мастеринг заради естимацијата на тимот дека тој би бил многу посоодветен за стилот на композицијата. За манипулирање и скулптурирањето на звукот беа искористени мали процесирачки движења на изедначување, компресија на динамички опсег, лимитање, како и паралелна компресија со цел оптимизирање на преводот на звукот на сите системи за репродукција.

Датотеката со микс и мастер процесирањата во SuperCollider

https://github.com/nikolaStanojkovski/SYNTHesized/blob/master/Mix/mix_master.scd

Attachments (48)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.