wiki:UseCaseImplementations

Опис на финална имплементација

Финалната верзија на апликацијата опфаќа неколку сценарија:

  • Регистрација на корисник/админ.
  • Најава на корисник/админ.
  • Приказ на производи, продавници.
  • Приказ на други корисници(доколку корисникот е админ).

Опис на секое од наведените сценарија

Регистрација на корисник/админ

Прво имаме приказ на почетната страна каде што ни се достапни информации за страната, линкови, контакти и 3 копчиња: Register, Log In и Log Out (Сл.1).

Сл.1

Доколку кликнеме на копчето Register, ќе не однесе на нова страна(Сл.2) каде секој нов корисник ќе може да се регистрира, откако ќе ги пополни бараните информации во формата за регистрација(Сл.3).

Сл.2

Сл.3

Најава на корисник/админ

По успешната регистрација, корисникот е однесен на нова страна, односно Sign In/ Log In страната, каде ги внесува потребните информации, односно User Name и Password (Сл.4).

Сл.4

Откако корисникот ќе кликне на копчето Sign in, има пристап до страната како веќе најавен корисник и горе во менито гледаме дека најавата е успешна (Сл.5).

Сл.5

Приказ на производи и понудени продавници

Веќе најавениот корисник има пристап да одбере од која продавница сака да купува производи и какви производи нуди продавницата. Со клик на копчето Shops во менито има пристап до продавниците (Сл.6).

Сл.6

Доколку корисникот е админ може да тргне било која од продавниците ако веќе не соработува со ShopaHolic.

Исто така корисникот има и приказ до понудените продукти и избраните да ги додаде во кошничка, а доколку е админ може да избрише било кој од продуктите (Сл.7).

Сл.7

Приказ на други корисници(доколку корисникот е админ)

Доколку корисникот кој е најавен е админ има пристап да види други нови корисници на страната и можност да додаде нов корисник или нов админ. Со клик на копчето Add new user, админот е вратен на делот за регистрација каде ќе додаде нов корисник. (Сл.8).

Сл.8

Last modified 20 months ago Last modified on 09/19/22 22:07:36

Attachments (8)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.