wiki:Микс и мастер

Микс и мастер

Во оваа фаза ги споивме и изменивме добиените звуци со цел да се добие посакуваната песна.

Линк до OneDrive: https://finkiukim-my.sharepoint.com/personal/vangel_ajanovski_finki_ukim_mk/_layouts/15/onedrive.aspx?id=%2Fpersonal%2Fvangel_ajanovski_finki_ukim_mk%2FDocuments%2FCompSnd%2F2021-2022%2FProekti%2FSynthesisOfAstley%2FФаза%203

Документација:

Во оваа фаза, сите предходно направени звуци и гласови се импортирани, преку соодветен бафер. Сите се предпроцесирани со BhiPass, BLowPass, BPeakEQ и Dcompressor (компресорот е превземен од следниов линк https://github.com/madskjeldgaard/portedplugins/releases. Конкретно PortedPlugins-Windows.zip, кој потоа е поставен во plugins директориумот кој е веќе генериран од SuperCollider), за балансирање на звуците и за омекнување на звукот. Потоа се внесени во Микс низа, под име мастер. На истата се применети повторно функциите за предпроцесирање, и е додаден лимитер што го ограничува звукот да не премине над -1 децибел инаку ќе дисторзира звукот. Исто така има блага компресија, со threshold (праг) на -20 децибели, тоа е во Dcompressor соодветно. Поентата на компресијата на мастер ланецот е за да се покачат тивките делови на песната, и да се намалат гласните, и воедно да се вбрачат тивките и гласните делови за да нема нагли промени и да биде слушањето попријатно.

Last modified 2 years ago Last modified on 09/20/22 04:22:11
Note: See TracWiki for help on using the wiki.