wiki:About

TheBookSpot

Членови на тимот:

  • Тони Трајанов – 193270 – координатор
  • Хума Сејдини – 193060
  • Тома Симена – 193076

Краток опис на проектот:

Веб платформа која ќе служи за корисниците да можат да најдат книга на полесен начин. Корисниците ќе имаат можност да пребаруваат по име на книга, жанр и автор. Доколку ја има посакуваната книга во библиотеката корисниците можат да видат дали истата ја има на залиха. Потоа откако ќе ја прочитаат ќе имаат можност истата да ја оценат и да кажат мислење.Подигнувањето на книгата се врши во библиотека.Библиотекарите за разлика од читателите имаат други можности како што се проверки на статус на примерок од книга и позајмица на истата, ќе може да ги гледа податоците на корисниците и читателите, податоците на книгите. Целта на оваа платформа е да им овозможи на читателите да пребаруваат книги онлајн и да видат дали ги има на залиха, без да мора да одат во локалната библиотека. Исто така оваа платформа ќе му послужи на корисникот да даде свое мислење за прочитаната книга но и да прочита туѓо мислење за одредена книга пред да оде во библиотеката.

Детален опис на проектот:

Веб платформа која ќе служи за корисниците да можат да најдат книга на полесен начин. Корисниците ќе имаат можност да пребаруваат по име на книга, жанр и автор. Доколку ја има посакуваната книга во библиотеката корисниците можат да видат дали истата ја има на залиха. Потоа откако ќе ја прочитаат ќе имаат можност истата да ја оценат и да кажат мислење.Подигнувањето на книгата се врши во библиотека.Библиотекарите за разлика од читателите имаат други можности како што се проверки на статус на примерок од книга и позајмица на истата, ќе може да ги гледа податоците на корисниците и читателите, податоците на книгите. Целта на оваа платформа е да им овозможи на читателите да пребаруваат книги онлајн и да видат дали ги има на залиха, без да мора да одат во локалната библиотека. Исто така оваа платформа ќе му послужи на корисникот да даде свое мислење за прочитаната книга но и да прочита туѓо мислење за одредена книга пред да оде во библиотеката. За секоја книга ќе се содржат основните информации (име, автор, жанр, издавач, година, краток опис исл.). За секоја позајмица ќе се чува датум на земање и датум(краен рок) за враќање и статус (дали е вратена или не). Потоа за секој примерок на книга ќе се разликува од останатите со уникатен клуч/ID бидејќи не смее да биде помешана со друга и ќе се чува статус дали е позајмена и состојба (дали е оштетена или не). Исто доколку читателот задоцни со враќањето на книгата ќе биде соодветно казнет.

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Овој проект е наменет за културно образовна институција (библиотека), додека базата на податоци треба да биде одржувана од страна на стурчно лице а податоците треба да ги има самата библиотека.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Користејќи ја оваа апликација корисниците ќе можат онлајн да проверат проверка во библиотеката за било што и ќе нема потреба да одат библиотеката а со тоа ќе се намалат гужвите во самата библиотека. Во исто време библиотекарите ќе можат лесно да водат евиденција и брзо да пристапуваат до потребните податоци.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Во Македонија нема ваков проект, затоа ние веруваме дека токму овој проект ќе биде поттик за модернизација на библиотеките. Со само неколку клика корисниците ќе ги имаат сите податоци за книгите, авторите, оцените и коментарите на одредени книги и за многу други работи, за кои сега не е возможно ваков начин на функционирање

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Ќе има два типа на корисници, од кои првиот тип се читателите(обични корисници), а вторите библиотекари.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Last modified 2 years ago Last modified on 01/11/22 18:35:21
Note: See TracWiki for help on using the wiki.