wiki:Методологија на развој

Version 3 (modified by 045809, 4 years ago) ( diff )

--

Методологијата за развој на софтвер во софтверското инженерство е рамка што се користи за структурирање, планирање и контрола на процесот на развој на информацискиот систем.

Како најсоодветна методологија за развој на овој проект, би ја одбрал агилната методологија со акцент во Scrum принципот, пред се поради тоа што споредено со останатите методи е пошироко применет врз развојот на проектите во софтверски компании како и заради специфичноста на начинот на кој е организиран и се одвива развојниот процес и интегрираните развојни средини каде истиот се користи.

Агилните методологии имаат итеративен пристап кон развој на софтвер. За разлика од директен линеарен модел на водопади, агилните проекти се состојат од голем број помали циклуси т.е спринтови. Секој од нив е проект во минијатура: има заостаток и се состои од фази на дизајнирање, имплементација, тестирање и распоредување во рамките на претходно дефинираниот обем на работа.

Агилна методологија за развој на софтвер

Scrum методологијата за развој на софтвер вклучува доделување на три основни улоги:

Сопственик на производ (Product owner) - Овој елемент поврзува клиентот и развивачите. Задачата е да се зголеми вредноста на производот.

Scrum-администратор - Отстранува пречки, тренира и го мотивира тимот за развој, му дава секаква можна поддршка.

Развоен тим - Група луѓе кои работат директно на креирање на производот.

Референци: https://www.altexsoft.com/whitepapers/agile-project-management-best-practices-and-methodologies/

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.