wiki: Задача И.1: Избор на тип потсистем

Избор на потсистем

Јас го избрав потсистемот форум, кој е дел од Knowledge Management System. Тој е дел од Knowledge Management System, затоа што нашата страница се фокусира на филмови,серии,книги, стрипови и манга, па форум на кој може да дискутирате за било што поврзано со истите, значи дека може да добиете корисни информации при одлучување кој филм,серија,книга,стрип или манга да ја ставите на листа на мултимедија која планирате да ја читате или гледате, кој е една од главните функционалности на нашата страница.


Користен готов софтвер

Како готов софтвер од доменот, ќе го корситам Odoo. Тој има трослојна архитектура која е поделена на: презентациски слој, бизнис логика/логички слој и датабаза. Презентацискиот слој се состои од CSS,HTML и JavaScript. Логичкиот слој е направен во Python, додека слојот со датабазата го користи PostgreSQL. Подржува многу функционалности како CRM, KMS, IoT, VoIP, раководење со човечки ресурси, разни финансиски сервиси, подршка за многу видови маркетинг, екомерц, форум, изградба на веб сајт,планирање, водење залиха итн. (1) Odoo подржува можноста за користење на Helpdesk, кое што им нуди на корисниците помош со било кои прашања или проблеми кои ги имаат, при користење на нашата страница. Helpdesk системот е направен така да направените тикети да можат да се доделат на најсоодветната личност која што може да го одговори. Постојат три начини за тоа: Manually, Random, Balanced. Со Manually секој вработен си одбира тикет за кој има најголемо знаење да го реши и со тоа сам си одредува колку ќе работи. Со Random системот по случаен избор доделува еднаков број на тикети на сите вработени. Со Balanced тикет се доделува на личноста со најмал број на тикети. Сепак, затоа што нашата страница ќе биде многу јасна за начинот на користење и лесна за употреба нема потреба од Helpdesk.

Алтернативен готов софтвер

Исто го разледав и OpenKM Knowledge Management. OpenKM е софтвер кој управува со документи. Тој може да се користи за управување со создавањето,складирањето и диструбуцијата на документи и електронски записи. OpenKM е софтвер за управување со документи кој ги интегрира сите основни документи за управување, соработка и напредна функционалност за пребарување во решение.Главни карактеристики на OpenKM се:

  • контролирање на содржината на бизнисот
  • собирање информации од кој било дигитален извор
  • функции за управување со содржини на бизнисот
  • управување со документи
  • работни процедури за разгледување, одобрување и валидација
  • поддршка за сериски и паралелни работни процеси
  • ги следи работните задачи, статусот и процесот
  • конфигурирани известувања за пошта

OpenKM обезбедува интероперабилна платформа за капитализирање на ресурсите низ апликациите и складиштата ширум бизнисот,како што се:

  • OpenKM SDK за Java, .Net и PHP.
  • користење на API за SOAP и REST API на веб-сервиси
  • идентификацијата е подложна и е лесна за употреба надворешна корисничка база на податоци, LDAP или Active Directory, SSO и CAS
  • складирњето на податоци може да биде конфигурирано да биде распоредено во било која база на податоци како MySQL, PostgreSQL, Oracle или SQL Server
  • конектори: DICOM, AutoCAD, Google Drive, MS Office, Vtiger, Joomla, Wordpress, BonitaSoft, Kofax, Abby Flexicapture

Но, заради природата на нашиот веб сајт, единствениот начин на кој би можеле да го искористиме ова е ако го имплментираме форумот како документи за конкретни теми кои ќе бидат отворени за секој да ги надополнува. Но, тоа не би бил прегледен и доволно user-friendly и интерактивен според мене. Затоа не го одбрав овој софтвер при развивање на форумот. Сметам дека преку алатките кој ги нуди Odoo за креирање форум, корисниците ќе можат да добијат информации за многу филмови, серии, книги, стрипови и манга, кои ќе можат да ги искористат за да донесат одлука дали некој/некоја од нив би им се допаднал и вреди да го гледаат или читаат. Со ова се исполнува целта на Knowledge Management системи, со тоа што се собира знаење на едно место, кое после влијае и им помага на корисниците при донесување одлуките за која мултимедиска содржина е добра,лоша и вреди да се конзумира. (2)

Демо презентација/видео

https://drive.google.com/file/d/1SAZVdnQwaB2WXOgoS3ETrfq3B_-_PeG4/view?usp=sharing

Референци

(1) https://www.odoo.com/documentation/15.0/developer/howtos/rdtraining/01_architecture.html
(2) https://www.openkm.com/

Last modified 3 years ago Last modified on 02/13/22 21:11:39
Note: See TracWiki for help on using the wiki.