wiki: Задача И.3: Студија на изведливост

Студија на изведливост е начин да се види дали вреди одреден проект/софтверски продукт да се направи, поддржано од податоци од различни домени. За мојот подсистем, форум, како дел од КМ систем, сметам дека е соодветно да користам принципите на DSDM (Dynamic System Development Method). Според овој метод постојат неколку типа на студии на изведливост:

  • Легална изводливост - се проверува дали проектот ги исполнува сите легалните и етички барања
  • Економска изводливост – се прави анализа на приходите за да се прикажи колку добро или лошо еден процес ќе биде завршен
  • Техничка изводливост - се извршува за да се валидираат и потврдат техничките карактеристики, ресурси и можности и да се претворат идеите во функционални системи
  • Операциска изводливост – се прави со цел да се види дали планираниот проект/софтверски продукт ги решава проблемите
  • Временска изводливост - претставува мерка колку е прифатливо времетраењето на проектот

Легална изведливост

Овој подсистем и TrackYourMedia како целина не нарушува никакви легални или етички барања. Податоците со кои ќе работи и подсистемот и главниот систем не се од сензитивна природа или нарушуваат приватност. Едниствено самиот корисник и девелопери ќе можат да ги гледаат информации како емаил адреса,лозинка и слични информации за конкрениот корисник. Другите податоци се за работи од забавната индустрија, што се јавно достапни.

Економска изводливост

За овој подсистем не се очекува да има многу дополнителни трошоци. Причината за ова е затоа што во самото развивање се пресметани извршување на тестови кои проверуваат коректност и постојано усовршување на системот.

  • За развојот на форумот, според принципите на екстремно програмирање ќе работат два девелопери во пар, со месечна плата од 600 евра во рок од 6 месеци
  • За понатамошно одржување на системот би наплаќале месечно по 400 евра
  • За попрвака на bugs, би наплаќале 250 евра месечно
  • За користење серверски простор и одржување на базата би чинело 50 евра месечно или 600 евра годишно
Месец јан фе мар апр мај јун јул авг сеп окт ноем дек
Развој на форум 0 1200 1200 1200 1200 1200 1200 0 0 0 0 0
Хостирање 50 50 50 50 50 50 50 50 50 50 50 50
Одржување 0 400 400 400 400 400 400 400 400 400 400 400
Попрвака на bugs 0 0 0 0 0 0 250 250 250 250 250
Кирија за простор 250 250 250 250 250 250 250 250 250 250 250 250
Цена за канцелариски материјал 1100 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупна заработка за месецот 0 1300 1300 1300 1300 1300 1300 350 350 350 350 350
Вкупни трошоци 1400 300 300 300 300 300 300 300 300 300 300 300

Визуелна репрезентација на разликата помеѓу заработка и трошоци:

Техничка изводливост

Сметам дека изработката на КМ за TrackYourMedia, односно на форумот е сосема технички изводливо. Пронаоѓањето и закупувањето на серверски простор е лесно и нема да е потребно многу време. За самата изработка на форум доволно се два компјутера од средна класа за да можат да работат двата девелопери. Затоа што планирано е да се користи Odoo како платформа/framework, изработката ќе биде лесна и лесно ќе може да се вгради некоја дополнителна функционалност користејќи ја вргадената можност на равивање на сопствени модули. Дополнително форумот ќе биде доста интуитевен за користење, особено заради популарноста на тој вид на размена на мислења во денешниот свет(Facebook коментари,Reddit etc).

Операциона изводливост

Целта на операциска изводливост е да покаже дали и колку добро еден предложен проект / систем / потсистем / план го решава проблемот. Сметам дека овој подсистем сосема добро би го решил проблемот кој сака да реши, а тоа е едно место на кое луѓе кои има слични интереси за некоја книга,стрип,филм или серија може да најдат други истомисленици и да разменат мислења и впечатоци.

Временска изводливост

CPM или Critical Path Method е техиника која се користи за да се пронајдат задачи кои мора да се извршат со цел да се заврши проектот и да се одлучи дали постојат и колква е флексибилноста на распоредот за правење на проектот. Критичен пат во менаџирање на проект е најдолгата секвенца на активности кои што мора да бидат завршени на време со цел проектот да заврши. Било какво задоцнување во завршување со критичните задачи ќе го одложи завршувањето на проектот.

МЕСЕЦ 1 – Месец 3
Активност бр.1: Собирање на user stories
Времетраење: 10 дена
Подактивности:
Пронаоѓање на потенцијални корисници, извлекување user stories од нив
Активност бр.2: Креирање на release plan
Времетраење: 2 дена
Подактивности:
Собирање на девелоперите, идни корисници и други засегнати страни и одредеување на планот за развивање на подсистемот и одредување на приоритет на user stories
Активност бр.3: Прва Итерација
Времетраење: 14 дена
Подактивности:
Кодирање на најосновните функционалности на форумот
Активност бр.4: И1: имплементација на user story 1
Времетраење: 3 дена
Подактивности:
Имплементирање на креирањето пост функционалност
Активност бр.5: И1: имплементација на user story 2
Времетраење: 4 дена
Подактивности:
Имплементирање на коментирање на пост функционалност
Активност бр.6: И1: имплементација на user story 3
Времетраење: 4 ден
Подактивности:
Имплементирање на функционалноста за бришење на коментар
Активност бр.7: И1: имплементација на user story 4
Времетраење: 3 ден
Подактивности:
Имплементирање на функционалноста да коментира на коментар на пост
Активност бр.8: Iteration planning meeting
Времетраење: 1 ден
Подактивности:
Се планира кои user stories, односно функционалности да се имплементират во наредната итерација, и на кои неуспешни acceptance tests да работи
Месец 3 – Месец 4
Активност бр.9: Втора Итерација
Времетраење: 14 дена
Подактивности:
Кодирање на функционалностите договорени на последниот iteration planning meeting
Активност бр.10: И2: имплементација на user story 5
Времетраење: 4 дена
Подактивности:
Имплементација на функционалноста да прикачува слика како коментар
Активност бр.11: И2: имплементација на user story 6
Времетраење: 3 дена
Подактивности:
Имплементирање на функционалноста да прикачува GIF како коментар
Активност бр.12: И2: имплементација на user story 7
Времетраење: 4 ден
Подактивности:
Имплементирање на ставање линк како коментар функционалност
Активност бр.13: И2: имплементација на user story 8
Времетраење: 3 ден
Подактивности:
Имплементирање на прикачување видео како коментар функционалност
Активност бр.14: Iteration planning meeting
Времетраење: 1 ден
Подактивности:
Се планира кои user stories, односно функционалности да се имплементират во наредната итерација, и на кои неуспешни acceptance tests да работи
Месец 4 – Месец 5
Активност бр.15: Трета Итерација
Времетраење: 14 дена
Подактивности:
Кодирање на функционалностите договорени на последниот iteration planning meeting
Активност бр.16: И3: имплементација на user story 9
Времетраење: 4 дена
Подактивности:
Имплементирање на ставање like на коментар функциноналноста
Активност бр.17: И3: имплементација на user story 10
Времетраење: 3 дена
Подактивности:
Имплементирање на ставање dislike на коментар функциноналноста
Активност бр.18: И3: имплементација на user story 11
Времетраење: 5 ден
Подактивности:
Имплментирање на функционалноста да направи report на коментар
Активност бр.19: И3: имплементација на user story 12
Времетраење: 2 ден
Подактивности:
Имплментирање на сортирање на коментарите според датум на прикачување функционалноста
Активност бр.20: Iteration planning meeting
Времетраење: 1 ден
Подактивности:
Се планира кои user stories, односно функционалности да се имплементират во наредната итерација, и на кои неуспешни acceptance tests да работи
Месец 5 – Месец 7(7 месец затоа што опфаќа неколку дена од август)
Активност бр.21: Четврта Итерација
Времетраење: 14 дена
Подактивности:
Кодирање на функционалностите договорени на последниот iteration planning
Активност бр.22: И4: имплементација на user story 13
Времетраење: 2 дена
Подактивности:
Имплементирање на функционалноста за криење на коментар на некој корисник
Активност бр.23: И4: имплементација на user story 14
Времетраење: 3 дена
Подактивности:
Имплементација на функционалноста да става custom emoji како коментар
Активност бр.24: И4: имплементација на user story 15
Времетраење: 4 дена
Подактивности:
Имплементирање на функционалноста на поставување на анкета во коментар
Активност бр.25: Изврши функциски тестови
Времетраење: 5 ден
Подактивности:
Генерирање на посакувани тест резултати, вршење на тестови и консултирање со корисниците дали подсистемот е задоволителен, доволно фукнционален и спремен да биде пуштен во продукција
Активност бр.26: Пуштање во продукција
Времетраење: 1 ден
Подактивности:
Пуштање на форумот во продукција

Вкупно траење: 177 дена ~ 6 месеци

Last modified 3 years ago Last modified on 02/15/22 20:47:12

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.