| 1 | == СТУДИЈА НА ИЗВЕДЛИВОСТ == |
| 2 | Анализата за изводливост го оценува потенцијалот на проектот за успех. |
| 3 | **1. Техничка изводливост** |
| 4 | |
| 5 | Оваа проценка се фокусира на техничките ресурси што им се достапни на организацијата. Им помага на организациите да утврдат дали техничките ресурси ги исполнуваат капацитетите и дали техничкиот тим е способен да ги претвори идеите во работни системи. Техничката изводливост исто така вклучува и проценка на хардверот, софтверот и другите технички барања на предложениот систем. TrackYourMedia проектот е web базиран. Главните технологии и алатки поврзани за овој проект се следниве: HTML, CSS, PostgreSQL, JavaScript, алатки за цртање диаграми ( Microsoft Project, Visio, Draw.IO). Секоја од технологиите е слободно достапна и потребните технички вештини се управливи. Временските ограничувања на производот и едноставноста за спроведување со користење на овие технологии се синхронизираат.Апликацијата треба да е компатибилна на Android и iOS уреди.Од оваа гледна точка, овој проект е технички изводлив. |
| 6 | **2. Економска изводливост** |
| 7 | |
| 8 | Оваа проценка вклучува анализа на трошоците како и придобивките од проектот, помагајќи ни да утврдиме одржливост, трошоци и придобивки поврзани со проектов пред да се распределат финансиските ресурси. Таа, исто така служи како независна проценка на проектот и го зајакнува кредибилитетот на проектот - помагајќи им на носителите на одлуки да ги утврдат позитивните економски придобивки за организацијата што ќе ја обезбеди овој проект. |
| 9 | TrackYourMedia е предвиден да биде завршен за 4 месеци, за кој се потребни три web развивачи, со |
| 10 | , со придонеси од 1200 ЕУР на месечна основа во времетраење од 2 месеци и еден развивач на база на податоци со придонеси од 800 ЕУР на месечна основа, исто така 2 месеци. Овие би биле основните трошоци се до имплементација на финална верзија на апликацијата. За управување на проектот ќе се користи JIRA која е бесплатна до 10 корисници – што значи дека нема да има дополнителни трошоци. |