wiki:AktivirajPrivilegii

НАРАТИВ:


Вработениот на шалтер треба да активира студентски или пензионерски привилегии за даден кориснички профил


АКТЕРИ:


Вработен на шалтер


ПРЕДУСЛОВИ:


Патникот да има соодветен доказ за својот пензионерски или студентски статус. Патникот да си има креирано веќе кориснички профил. Вработениот на шалтер да има воспоставено интернет конекција.


СЦЕНАРИО:


  1. Вработениот на шалтер се најавува со својот кориснички профил во системот и ја избира опцијата за активација на привилегии.
  2. Системот му дава опција за пребарување по email на вработениот на шалтер.
  3. Вработениот на шалтер го внесува email-от на соодветниот патник.
  4. Системот го прикажува корисничкиот профил на патникот.
  5. Вработениот на шалтер го притиска копчето за активација на студентски привилегии.
  6. Системот прикажува дијалог прозорец каде го прашува вработениот на шалтер дали да ги зачува привилегиите.
  7. Вработениот на шалтер ја одбира опцијата за зачувување.

АЛТЕРНАТИВНИ ТЕКОВИ:


5а. Вработениот на шалтер го притиска копчето за активацја на пензионерски привилегии. 7а. Вработениот на шалтер ја одбира опцијата за да не зачува и системот го враќа на чекор 4.


ПОСТУСЛОВИ:


Системот успешно ги зачувува привилегиите за соодветниот кориснички профил.

Last modified 7 years ago Last modified on 05/02/17 02:37:08
Note: See TracWiki for help on using the wiki.