Version 1 (modified by 8 years ago) ( diff ) | ,
---|
НАРАТИВ: Вработениот на шалтер треба да активира студентски или пензионерски привилегии за даден кориснички профил
АКТЕРИ:
Вработен на шалтер, Патник
ПРЕДУСЛОВИ:
Патникот да има соодветен доказ за својот пензионерски или студентски статус. Патникот да си има креирано веќе кориснички профил. Вработениот на шалтер да има воспоставено интернет конекција.
СЦЕНАРИО:
- Вработениот на шалтер се најавува со својот кориснички профил во системот и ја избира опцијата за активација на привилегии.
- Системот му дава опција за пребарување по email на вработениот на шалтер.
- Вработениот на шалтер го внесува email-от на соодветниот патник.
- Системот го прикажува корисничкиот профил на патникот.
- Вработениот на шалтер го притиска копчето за активација на студентски привилегии.
- Системот прикажува дијалог прозорец каде го прашува вработениот на шалтер дали да ги зачува привилегиите.
- Вработениот на шалтер ја одбира опцијата за зачувување.
АЛТЕРНАТИВНИ ТЕКОВИ:
5а. Вработениот на шалтер го притиска копчето за активацја на пензионерски привилегии. 7а. Вработениот на шалтер ја одбира опцијата за да не зачува и системот го враќа на чекор 4.
ПОСТУСЛОВИ:
Системот успешно ги зачувува привилегиите за соодветниот кориснички профил.