ВНЕСИ КУПЕН БИЛЕТ ЗА ПОНУДА
Актери:
1.Вработен на шалтер во МЖТ - вработен во МЖТ кој издава и печати билети, за што има соодветни привилегии.
Предуслови:
- Вработениот на шалтер мора да има свој веќе постоечки кориснички профил кои има соодветни привилегии.
- Вработениот на шалтер мора да ги знае информациите потребни за внесување на билетот со понуда.
СЦЕНАРИО:
- Вработениот на шалтер во МЖТ се најавува на сајтот со својот email и лозинка.
- Вработениот на шалтер во МЖТ ја отвора почетната страна која содржи мени со повеќе опции.
- Вработениот на шалтер во МЖТ ја одбира опцијата за внесување на купен билет со посебна понуда.
- Системот прикажува поглед кадешто избира за која понуда станува збор.
- Системот прикажува поглед со форма кадешто внесува индекс или возраст доколку е патникот студент или пензионер соодветно, дали патникот сака да резервира седиште или не, датум и време доколку постои таква опција за соодветната понуда.
- Системот ги валидира внесените информации и го известува за успешноста на внесувањето на билет со понуда.
- Системот го прикажува билетот на екран.
- Вработениот на шалтер во МЖТ го печати соодветниот билет.
Алтернативни текови:
7а. Системот ги валидира внесените информации и го известува вработениот на шалтер за не успешноста на внесувањето на билет со понуда. По што вработениот на билетара се враќа на чекор 6.
Пост-Услови:
- Новиот билет со понуда е испечатен и внесен во системот.
Last modified
8 years ago
Last modified on 05/02/17 02:13:26
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.