wiki:zadaca1katerina

Вовед – Дефииниција на проектот

Во денешно време технологијата има се поголем удел во секојдневниот живот. Со текот на времето се јавува потребата од голем број на системи и софтвери кои што ќе ги подржат барањата на луѓето и компаниите во текот на работните обврски. Нашиот информационен систем TrainTraveller, со мотив за ефикасно работење на МЖТ, односно продавање и купување на билети, има за цел и правилно управување со вработените. Тука се содржи вработувањето и следењето на кариерата и способностите со кои располагаат вработените во рамки на МЖТ. Според ова, еден дел во нашиот информационен систем припаѓа и на управувањето и менаџирањето на човечките ресурси во МЖТ. Според тоа нашиот информационен систем сметаме дека припаѓа и во категоријата на Enterprise Resource Planning (ERP).

Enterprise Resource Planning

Најважна карактеристика на системите кои припаѓаат на оваа категорија е управувањето со внатрешните, но и надворешните ресурси на самата компанија која го користи системот. Ова управување е овозможено преку бројни апликации кои го составуваат целиот систем. Пример типови на апликации коишто можат тука да се набројат се: продажба на билети, најди вработен, пресметај трошоци итн. Покрај апликациите, системите во својата структура имаат и различни модули. Според самиот концепт на овие системи модуларноста е доста важна карактеристика и истата треба биде застапена во секој систем од овој тип. Едни од најзастапените модули во ERP системите се контрола на инвентар, финансии, човечки ресурси и планирање на трошоци. Сепак компаниите и организациите коишто користат системи и софтвер од оваа категорија не ги користат сите модули, туку оние кои им се потребни за исполнување на своите цели и идеи.

Од друга Enterprise Resource Planning системите форсираат еден вид интеграција меѓу различните оддели во рамките на една компанија или организација. Оваа интеграција се интерпретира преку размена на информации и проток на истите. Податоците коишто се чуваат за овие информации се наоѓаат на заедничка база на податоци која ја пристапуваат сите оддели преку своите апликации и модули. Најчесто овие системи имаат и свои софтверски и хардверски побарувања, па потребно е овозможување на истите.

ERP системите се основани врз бизнис одлуките на компаниите кои ги користат. Овие одлуки доведуваат до проток на податоци низ различни оддели од самата компанија. Овој дел од нашиот информациски систем е базиран на управувањето со човечките ресурси. Главен модул ќе бидат човечките ресурси и протокот на информации меѓу различните корисници на системот во компанијата. Така самото име на оваа категорија (Enterprise Resource Planning) ја подржува целта за постоење на TrainTraveller информацискиот систем, односно основа е планирањето на човечките ресурси во организацијата или компанијата која ќе го користи. Протокот на податоците, кој е карактеристичен за ERP системи, ќе се врши меѓу менаџерите, претпоставените во одделот за човечки ресурси и апликантите. Од друга страна модуларноста на системот ќе биде претставена преку посебни функционалности кои ќе им бидат достапни на апликантите, посебни можности доделени на менаџерите во компанијата или организацијата и како најважни ќе бидат модулите за одделот за човечки ресурси, односно доделувањето титули, вработувањето и слично.

Избор на готов софтвер

Orange Human Resources Management

OrangeHRM (Orange Human Resources Management) е пример за готов софтвер којшто подржува ERP. Самото име на овој софтверски пакет ни кажува дека софтверот припаѓа во доменот на ERP системите. Произведен е од компанијата OrangeHRM. Овој готов софтверски продукт се користи за управување со човечки ресурси, па според тоа може да се смета како систем за планирање на ресурси во рамките на некоја компанија.

Orange Human Resources Management може да се најде како три оделни прродукти: OrangeHRM Open Source, OrangeHRM Professional и OrangeHRM Enterprise. Соодветно секој софтверски продукт е побогат од претходниот. Ние ќе се задржиме на софтверот со отворен код (Оpen Source) и ќе ги разгледаме некои од неговите функционалности. Главно за OrangeHRM Open Source е тоа што нуди бесплатна платформа за управување со човечки ресурси.

Големо внимание се посветува на модуларноста како една од најбитните карактеристики во рамките на ERP системите. Така OrangeHRM Open Source содржи единствена база на податоци за сите податоци, којашто може да биде пристапена преку голем број на модули, коишто нудат лесно и интиутивно користење на софтверот во целина, што наидува на позитивни критики кај корисниците и самите компании. Едноставноста за користење на модулите преку кои се претставени функционалностите на овој софтверски продукт само дополнително го потврдува квалитетот со кој располага Orange HRM.

Open Source ERP

Open Source ERP е уште еден пример за готов софтвер којшто подржува ERP. И кај овој готов софтверски продукт уште во самото име може да забележиме дека истиот припаѓа во доменот на ERP системите.Произведен е од компанијата Nelsonit. Овој готов софтверски продукт е веб базиран и е наменет за администрација на систем, управување со нарачки, менаџмент на ресурси, планирање на работно време.

Open Source ERP е бесплатен со отворен код (Оpen Source) и нуди бесплатна платформа. Има повеќе верзии од кои 6.2.1 верзијата е последна. Достапни јазици за овој готов софтверски продукт се Англиски и Германски, а за истите потребно е познавање од C++, JavaScript, PL/SQL. Open Source ERP користи единствена база на податоци. И кај овој готов софтвер големо внимание се посветува на модуларноста како една од најбитните карактеристики во рамките на ERP системите.

Openbravo Business Suite

Openbravo е малопродажен ERP којшто е врз основа на модуларен систем. Тоа е глобално решение за управување изградено врз основа на модуларен, мобилен и облак (cloud) платформа. Нуди функционалности со вградени ERP, CRM и BI способности коишто лесно може да се интегрираат на веќе постоечки системи, и да создадат високо иновативни решенија. Openbravo може да се најде во три различни верзии, и тоа: како бесплатен со отворен код (open source), Enterprise и Professional издание. Соодветно секоја од верзиите се разликува и е побогата една од друга.

Произведен е од истоимената компанија Openbravo и истиот е веб базиран. Достапен е на повеќе јазици, а потребно е познавање од JavaScript, PL/SQL, Java за негова употреба. Овој готов софтвер големо внимание се посветува на модуларноста како една од најбитните карактеристики во рамките на ERP системите.

Last modified 6 years ago Last modified on 06/10/18 01:10:59
Note: See TracWiki for help on using the wiki.