Changes between Version 3 and Version 4 of zadaca1katerina


Ignore:
Timestamp:
06/10/18 01:09:05 (6 years ago)
Author:
Katerina Chichakovska
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • zadaca1katerina

    v3 v4  
    77**''            Enterprise Resource Planning''**
    88Најважна карактеристика на системите кои припаѓаат на оваа категорија е управувањето со внатрешните, но и надворешните ресурси на самата компанија која го користи системот. Ова управување е овозможено преку бројни апликации кои го составуваат целиот систем. Пример типови на апликации коишто можат тука да се набројат се: продажба на билети, најди вработен, пресметај трошоци итн. Покрај апликациите, системите во својата структура имаат и различни модули. Според самиот концепт на овие системи модуларноста е доста важна карактеристика и истата треба биде застапена во секој систем од овој тип.  Едни од најзастапените модули во ERP системите се контрола на инвентар, финансии, човечки ресурси и планирање на трошоци.  Сепак компаниите и организациите коишто користат системи и софтвер од оваа категорија не ги користат сите модули, туку оние кои им се потребни за исполнување на своите цели и идеи.
     9
    910Од друга Enterprise Resource Planning системите форсираат еден вид интеграција меѓу различните оддели во рамките на една компанија или организација. Оваа интеграција се интерпретира преку размена на информации и проток на истите. Податоците коишто се чуваат за овие информации се наоѓаат на заедничка база на податоци која ја пристапуваат сите оддели преку своите апликации и модули. Најчесто овие системи имаат и свои софтверски и хардверски побарувања, па потребно е овозможување на истите.
     11
    1012ERP системите се основани врз бизнис одлуките на компаниите кои ги користат.  Овие одлуки доведуваат до проток на податоци низ различни оддели од самата компанија. Овој дел од нашиот информациски систем е базиран на управувањето со човечките ресурси. Главен модул ќе бидат човечките ресурси и протокот на информации меѓу различните корисници на системот во компанијата. Така самото име на оваа категорија (Enterprise Resource Planning) ја подржува целта за постоење на !TrainTraveller информацискиот систем, односно основа е планирањето на човечките ресурси во организацијата или компанијата која ќе го користи. Протокот на податоците, кој е карактеристичен за ERP системи, ќе се врши меѓу менаџерите, претпоставените во одделот за човечки ресурси и апликантите.  Од друга страна модуларноста на системот ќе биде претставена преку посебни функционалности кои ќе им бидат достапни на апликантите, посебни можности доделени на менаџерите во компанијата или организацијата и како најважни ќе бидат модулите за одделот за човечки ресурси, односно доделувањето титули, вработувањето и слично.
    1113
     
    1618
    1719OrangeHRM (Orange Human Resources Management) е пример за готов софтвер којшто  подржува ERP. Самото име на овој софтверски пакет ни кажува дека софтверот припаѓа во доменот на ERP системите. Произведен е од компанијата OrangeHRM. Овој готов софтверски продукт се користи за управување со човечки ресурси, па според тоа може да се смета како систем за планирање на ресурси во рамките на некоја компанија.
     20
    1821Orange Human Resources Management може да се најде како три оделни прродукти: OrangeHRM Open Source, OrangeHRM Professional и OrangeHRM Enterprise. Соодветно секој софтверски продукт е побогат од претходниот. Ние ќе се задржиме на софтверот со отворен код (Оpen Source) и ќе ги разгледаме некои од неговите функционалности. Главно за OrangeHRM Open Source е тоа што нуди  бесплатна платформа за управување со човечки ресурси.
     22
    1923Големо внимание се посветува на модуларноста како една од најбитните карактеристики во рамките на ERP системите. Така OrangeHRM Open Source содржи единствена база на податоци за сите податоци, којашто може да биде пристапена преку голем број на модули, коишто нудат лесно и интиутивно користење на софтверот во целина, што наидува на позитивни критики кај корисниците и самите компании. Едноставноста за користење на модулите преку кои се претставени функционалностите на овој софтверски продукт само дополнително го потврдува квалитетот со кој располага Orange HRM.
    2024
     
    2226
    2327Open Source ERP е уште еден пример за готов софтвер којшто подржува ERP. И кај овој готов софтверски продукт уште во самото име може да забележиме дека истиот припаѓа во доменот на ERP системите.Произведен е од компанијата Nelsonit. Овој готов софтверски продукт е веб базиран и е наменет за администрација на систем, управување со нарачки, менаџмент на ресурси, планирање на работно време.
     28
    2429Open Source ERP е бесплатен со отворен код (Оpen Source) и нуди бесплатна платформа. Има повеќе верзии од кои 6.2.1 верзијата е последна. Достапни јазици за овој готов софтверски продукт се Англиски и Германски, а за истите потребно е познавање од C++, !JavaScript, PL/SQL. Open Source ERP користи единствена база на податоци. И кај овој готов софтвер големо внимание се посветува на модуларноста како една од најбитните карактеристики во рамките на ERP системите.
    2530
     
    2833Openbravo е малопродажен ERP којшто е врз основа на модуларен систем. Тоа е глобално решение за управување изградено врз основа на модуларен, мобилен и облак (cloud) платформа. Нуди функционалности со вградени ERP, CRM и BI способности коишто лесно може да се интегрираат на веќе постоечки системи, и да создадат високо иновативни решенија.   
    2934Openbravo може да се најде во три различни верзии, и тоа: како бесплатен со отворен код (open source), Enterprise и Professional издание. Соодветно секоја од верзиите се разликува и е побогата една од друга.
     35
    3036Произведен е од истоимената компанија Openbravo и истиот е веб базиран. Достапен е на повеќе јазици, а потребно е познавање од !JavaScript, PL/SQL, Java за негова употреба. Овој готов софтвер големо внимание се посветува на модуларноста како една од најбитните карактеристики во рамките на ERP системите.
    3137