8 | 9 | Најважна карактеристика на системите кои припаѓаат на оваа категорија е управувањето со внатрешните, но и надворешните ресурси на самата компанија која го користи системот. Ова управување е овозможено преку бројни апликации кои го составуваат целиот систем. Пример типови на апликации коишто можат тука да се набројат се: продажба на билети, најди вработен, пресметај трошоци итн. Покрај апликациите, системите во својата структура имаат и различни модули. Според самиот концепт на овие системи модуларноста е доста важна карактеристика и истата треба биде застапена во секој систем од овој тип. Едни од најзастапените модули во ERP системите се контрола на инвентар, финансии, човечки ресурси и планирање на трошоци. Сепак компаниите и организациите коишто користат системи и софтвер од оваа категорија не ги користат сите модули, туку оние кои им се потребни за исполнување на своите цели и идеи. |