13 | 13 | ERP системите се основани врз бизнис одлуките на компаниите кои ги користат. Овие одлуки доведуваат до проток на податоци низ различни оддели од самата компанија. Овој дел од нашиот информациски систем е базиран на управувањето со човечките ресурси. Главен модул ќе бидат човечките ресурси и протокот на информации меѓу различните корисници на системот во компанијата. Така самото име на оваа категорија (Enterprise Resource Planning) ја подржува целта за постоење на !TrainTraveller информацискиот систем, односно основа е планирањето на човечките ресурси во организацијата или компанијата која ќе го користи. Протокот на податоците, кој е карактеристичен за ERP системи, ќе се врши меѓу менаџерите, претпоставените во одделот за човечки ресурси и апликантите. Од друга страна модуларноста на системот ќе биде претставена преку посебни функционалности кои ќе им бидат достапни на апликантите, посебни можности доделени на менаџерите во компанијата или организацијата и како најважни ќе бидат модулите за одделот за човечки ресурси, односно доделувањето титули, вработувањето и слично. |