wiki:zadaca2bodangjozinski

2. Студија за изведливост


Изработена според SSADM методологијата [1] , со дополнителна временска анализа за реализација на KMS за Train Traveller. МЖТ нема имплементирано никаков вид на KMS. Знаење за возните линии, бројот на патници и валгони, типот на возите се документира само мануелно на хартија. А се користи само за задолжителните годишни извештаии кои МЖТ мора да ги поднесе до владата.

Управувачки одлуки како зголемување или намалување на бројот на вагоните за одредени датуми се спроведува само кога одговорниот за возен ред, линии и вагони одлучува. Оваа одлука не се носи според некои предефинирани параметри, туку според интуицијата на одговорниот за возен ред и информациите кои тој ги добил за одреден настан или празник на одреден датум. МЖТ воедно нема обезбедено услуга која би овозможива дознавање на локацијата на одреден воз. Истотака, моменталниот возен ред издаден од МЖТ не се ажурира соодветно. Доколку одреден воз касни или е откажан, патниците таа информација може да ја добијат само на шалтер, а МЖТ има патнички станици кои немаат шалтер. За крај секој воз на МЖТ има предефиниран број на вагони, без разлика дали возот е преполн или препразен.

Овие проблеми би се решили со имплементација на KMS систем. Системот може да биде направен од нула, да се купи готово софтверско решение или да се кустомизира Open-Source решение.


2.1 Финансиска изведливост

Економската изведливост се базира на градење на системот од нула, кустомизирање на софтверско решение Sahana и со користење на готово софтверско OpenKM решение.

Следната табела ќе прикаже кое решение од можните е нај економски исплатливо за имплементација и одржување.

Табела 1
Една година Од нула OpenKM Кустомизација на Sahana Коментар
Изработка и имплементација(3 месеци тим од 10 програмери,месечна плата од 45 000 ден месечно) 1 350 000 ден(1 месец тим од 3ца програмери со месечна плата од 45 000 ден месечно) 135 000 ден (2 месеци тим од 5 програмери со месечна плата од 45000 ден месечно) 450 000 денЕднократно
Лиценца 0 ден 0 ден 0 ден Не е потребна
База на податоци 0 ден 0 ден 0 ден МуСКЛ
Одржување (2ца програмери со плата 45 000 ден месечно = 90 000 ден месечно) 1 080 000 ден (2ца програмери со плата 45 000 ден месечно = 90 000 ден месечно) 1 080 000 ден(2ца програмери со плата 45 000 ден месечно = 90 000 ден месечно) 1 080 000 денГодишно одржување
Тренинг и Консултации (1 програмер од развојниот тим 1 месец со плата од 45 000 ден) 45 000 ден(Предложен тренинг од ОПЕНКМ = 180 000 ден , предложени консултации од ОПЕНКМ = 90 000 ден) 270 000 ден (1 програмер од развојниот тим 1 месец со плата од 45 000 ден) 45 000 ден
Вкупна цена 2 475 000 ден 1 485 000 ден 1 575 000 ден

• Изработка и имплементација
Бројките за потребно време и бројот на програмери се добиени по моја проценка.

• Купување лиценца
За ниеден од софтверите не e потребно купување на лиценца.

• База на податоци
За сите софтвери може да се користи беплатен програм за менаџирање со датабази.

• Одржување
За сите софтвери е предвиден ист тип на одржување.

Тренинг и консултации
За софтверот изравотен од нула и за кустомизираниот Sahana софтвер е предвиден еден програмер од тимот кој ќе го обучи одговорниот за возен ред. А за OpenKM софтверот компанијата предложува тренинг и консултации од нивна страна.

• Вкупна цена
Најмала вкупна цена има OpenKM софтверот, но и најмала можност за кустомизација.


Табела 2
Времетраење Од нула OpenKM Кустомизација на Sahana
3 години 4 705 000 ден 4 185 000 ден 3 825 000 ден
5 години 6 975 000 ден 6 885 000 ден 6 075 000 ден
10 години 12 600 000 ден 13 635 000 ден 11 700 000 ден

Бројките во оваа табела се добиени со собирање на единечната цена за изработка и имплементација со цената за едногодишно одржување помножена со бројот на години и со цената за тренинг и консултации помножена со бројот на години. Се очекува секој од софтверите да биде ажуриран барем еднаш годишно, со што би морало повторно да се обучи одгорниот за возен ред за користење на софтверот.

На МЖТ како компанија највеќе би и одговарало најевтиното софтверско решение. На прв поглед ова изгледа дека е OpenKM софтверот, но доколку овој софтвер е ажуриран и изменет потребниот тренинг и обука за негово користење прават тој да стане прескап. Како најдобро долготрајно решение се издвојува Кустомизираната верзија на софтверот Sahana. Која е за еден милион денари поевтина од софтверот кој би бил изработен од нула.


Директни бенефити од KMS за МЖТ :

  • Намалување на потрошувачка на гориво
  • Зголемена патничка комоција
  • Ефективен менаџмент на вагони
  • Зголемен капацитет на одредени возови

Индиректни бенефите од KMS за МЖТ :

  • Зголемен број на патници
  • Здобивање со нови патници
  • Зголемен приход

2.2 Техничка изведливост

МЖТ како државна компанија лоцирана во Македонија, би го барала решение за новиот KMS на домашниот пазар. Кој се состои од голем број на ИТ фирми кои се способни да го реализираат овој проект. KMS системот е предвиден да биде подсистем на Train Traveller, двата система може да бидат изработени заедно од ист програмерски тим или одделно. Сите компоненти на KMS системот се достапни, или пак можат да бида изработени локално. Со што се потврдува техничката изводливост на системот.


2.3 Операциона изведливост

Операционата изведливост на системот се базира на два различни аспекти. Еден е патничкиот аспект, а другиот е од страната на одговорниот за возен ред, линии и вагони.

1. Патник на МЖТ
Повеќето од патниците во Македонија веќе користат интернет услуги за превоз. Дали е проверување на локација на одредено такси или автобус, проверување на автобуски возен ред или повикување на такси. Сепак има одредена категорија на патници како пензионерите кои не користат интернет. Но тие може да се информираат со поставување на дигитални билборди кои би го прикажувале времето на пристигнување на возовите на таа станица. Се ова покажува кон потребата од ваков систем, кој веќе постои за автобускиот сообраќај.

2. Одговорен за возен ред, линии и вагони во МЖТ
МЖТ како фирма досега нема користено информациски систем. За таа намена е предвиден тренинг на одговорниот за возен ред, со кој тој би научил да ракува со KMS за TrainTraveller. Дополнително и систем администраторите ќе треба да одат на обука за одржување на системот или пак ќе учествуваат во имплементацијата на системот.

Преку двата различни аспекти се заклучува дека системот е операционо изведлив, со дополнителен тренинг на засегнатите вработени во МЖТ.


2.4 Временска изведливост

Бидејќи SSADM е структурирана методологи и се држи до "Waterfall" моделот, време траењето на проектот експоненцијални се зголемива со секоја промена на почетните барања.

Доколку, нема промени во побарувањата за секој модел од развојот по SSADM би биле потребни по две недели. Со што кодирањето на софтверското решение би почнало по 10 недели. Бидејќи целата структура и документација за системот веќе ќе биде достапна по SSADM фазата, би можело да се продолжи со кој било метод на програмирање. Време траењето на кодирањето на системот ќе зависи од обемноста на побарувањата, но би се движело од еден до три месеци. За KMS системите најчесто побарувањата доаѓаат во форма на дополнителни функции на одредени модули. Што значи дека вакoв тип на промени би можеле брзо и ефикасно да се имплементираат, бидејќи не бараат промена на архитектурата и на останатите модули од системот. Откако ќе биде готов софтверот се предвува неговата имплементација во Train Traveller да трае една недела, во која може да учествуваат и систем администраторите на МЖТ. По имплементацијата на софтверот се предвидува тренинг на одговорниот за возен ред, линии и вагони во МЖТ кој би бил во време траење од еден месец. По што системот ќе може да стави во употреба. Вкупното време од започнувањето на проектот до неговото прво користење би се движело меѓу четри месеци и две недели до шест месеци и три недели.

Сметам дека проектот е временски изведлив, главно бидејќи треба да биде дел од проектот Train Traveller, а сепак би можел да се изработува паралелно со него. Дополнително KMS не претставува систем за кој работата на компанијата треба да биде запрена како за неговиот раској така и за неговата импементација. Истотака, бројот на засегнати вработени од системот KMS е многу мал како и должината на нивниот тренинг. Системите за менаџирање со знаење вообичаено даваат резултати неколку месеци, дури и години по нивната имплементација, главно бидејќи немаат податоци кои можат да ги обработуваат како што е сучајот со МЖТ.

Last modified 6 years ago Last modified on 02/15/18 16:55:15
Note: See TracWiki for help on using the wiki.