wiki:zadaca2sdz
  1. Студија на изводливост

Оваа студија на изводливост е направена според SSADM[4], со тоа што анализата на временската изводливост е додадена со цел успешна студија на изводливост на градење на CRM систем за TrainTraveller.

МЖТ моментално покрај, телефонски броеви за поголемите станици во Македонија, email за контакт и вработени на билетара нема никаков (модерен) начин на комуникација со своите патници. Притоа, важно е да се нагласи дека таа комуникација е иницирана само од патници, односно патникот прашува, патникот добива одговор. Тоа е проблем. Проблем е затоа што МЖТ бидејќи не иницира комуникација со своите патници, не може да ги информира за нови понуди, нови возни линии, нови цени итн, освен ако, нели, патниците не прашаат дали има нешто ново. Покрај тоа што е проблем зза патниците, уште поголем проблем е за МЖТ бидејќи така губи можност за зголемен број на патници, зголемена заинтересираност и како резултат на тоа зголемен профит.

Опции кои би го решиле овој проблем се купување на лиценца и имплементација на готов CRM систем (поради тоа во економската изводливост е направена паралела меѓу готово и ново решение) како OROCRM и градење на нов CRM систем. Притоа, важно е да се каже дека работата на овој систем е во согласност со услугите кои ги нуди МЖТ и претставува модернизирана верзија на нивниот постојан бизнис модел.

1.1 Економска изводливост

Во овој дел се разгледува економската изводливост на градење на CRM систем за TrainTraveller “from scratch” и двете избрани алтернативи избрани во претходниот дел. Во табела 1 Се прави оваа споредба на вкупна цена за да се изгради нов систем или имплементирање на OROCRM и SuiteCRM, со цел да се види покрај тоа дали е економски изводливо да се направи ваков систем за МЖТ, туку и дали е економски изводливо да се гради или да се имплементира и кустомизира OROCRM или SuiteCRM.

From scratch OROCRM SuiteCRM Коментар
Изработка и имплементација 80000$ 15000$ 15000$ Еднократно
Купување лиценца 0$ $21,240 0$ Важи 3 години.
Веб сервер 0$ 0$ 0$ Веќе имаат.
RDBMS 0$ 0$ 0$ PostgreSQL
Одржување(годишно) 48000$ 0$ 4275$ /
Вкупно 128000$ 36240$ 28275$ /

Табела 1

  • Пресметка на изработка и имплементација

За from scratch CRM да се изработи и имплементира, земено е тоа да биде во 4 месеци. Во тие 4 месеци тим од 10 луѓе го изработуваат системот и го имплементираат. Секој од нив зема 2000$ бруто плата (во просек) и тоа значи дека во 4 месеци да се платат 10 луѓе со во просек по 2000$ бруто плата ќе кошта 160000$. За OROCRM имплементацијата и кустомизацијата би траела 2 месеци, тим од 10 луѓе, секој од нив добива во просек по 2000$ бруто плата, тоа значи дека тој трошок ќе биде 15000$. Потполно ист е случајот кај SuiteCRM.

  • Купување на лиценца

За from scratch и SuiteCRM не се плаќа никаква лиценца, додека за OROCRM таа лиценца кошта 21240$ и трае три години и поддржува 10 корисници, што сметам дека би било доволно за МЖТ.

  • Веб сервер

Сите три решенија користат веб сервер којшто е бесплатен.

  • RDBMS

Сите три решенија користат бесплатен RDBMS.

  • Одржување

За from scratch системот, потребни би биле двајца вработени коишто во просек би земале 2000$ бруто плата и одржувањето бидејќи се пресметува на годишно ниво секој месец двајца вработени би земале по 2000$ бруто плата. За OROCRM контактирав со нивни претставник преку email и добив информација дека се секоја купена лиценца доаѓа и бесплатно одржување. За SuiteCRM има три типа на одржување Silver, Gold и Platinum. За овој проект ја избрав Gold опцијата која подразбира вкупно 30 часа support годишно преку електронска пошта и веб портал. Бидејќи се работи за таков начин на support одлучив да има еден вработен во МЖТ кој би земал 2000$ бруто плата месечно и сето тоа на годишно ниво би коштало 28275$.

Период From scratch OROCRM SuiteCRM
3 години 224000$ 36240$ 27825$
6 години 368000$ 57480$ 40650$
9 години 512000$ 78720$ 53475$
12 години 656000$ 99960$ 66300$

Табела 2

  • 3 години

За from scratch системот се зема предвид цената на изработката и имплементацијата на системот и 3 годишно одржување, за OROCRM се зема предвид една лиценца и цената за имплементација и кустомизација. За SuiteCRM се зема предвид цената за 3 годишно одржување и цената за имплементација и кустомизација.

  • 6 години

За from scratch се зема предвид трошокот за првите 3 години плус цената за одржување од останатите 3. За OROCRM се зема предвид цената за првите 3 години плус новата лиценца за 3 години. За SuiteCRM се зема предвид цената за првите 3 години плус цената за одржување секоја од наредните 3 години.

  • 9 години

За from scratch системот се зема предвид цената за претходните 6 години и се додава цената за одржување за наредните 3. За OROCRM се зема предвид цената за претходните 6 години и се додава цената на нова 3 годишна лиценца. За SuiteCRM се зема предвид цената за претходните 6 години и се додава цената за одржување за новите 3 години.

  • 12 години

За from scratch системот се зема предвид цената за претходните 9 години и се додава цената за одржување за наредните 3. За OROCRM се зема предвид цената за претходните 9 години и се додава цената на нова 3 годишна лиценца. За SuiteCRM се зема предвид цената за претходните 9 години и се додава цената за одржување за новите 3 години.

Важно е да се нагласи дека пресметките во табела 2 не вклучуваат дополнителни имплементации и измени во CRM системот и дека пресметано е според моменталната цена за лиценца на OROCRM и цена за одржување на SuiteCRM која би можеле да ја покачат или да ја намалат во толку голем временски период и дека цената за одржување е фиксна целиот тој период.

Според бизнис анализата[5] спроведена за TrainTraveller повеќе од јасно е дека финансиите за градење на CRM систем, МЖТ ги нема во изобилие и најразумен пристап би бил да се имплементира системот SuiteCRM.

Директните вредности кои МЖТ се:

  • Зголемена лојалност кај патниците
  • Задржување на старите патници и добивање нови
  • Присуство на социјални мрежи, кое е автоматизирано
  • Автоматизиран маркетинг преку email

Индиректните вредности кои ќе се добијат со овој систем се:

  • Намалување на стрес кај вработените на билетара
  • Зголемен број на патници
  • Зголемен приход

1.2 Техничка изводливост

Треба да се земе предвид дека во Македонија постојат многубројни ИТ фирми и инженери коишто би можеле да го направат софтверот за овој систем. Дополнително овој систем треба да се интегрира и да биде субсистем на TrainTraveller, тоа не е ништо ново. Според заклучокот дека во Македонија постојат тимови кои би го изградиле софтверскиот аспект на овој систем, важно е да се наведи дека сите компоненти кои се потреби за овој систем да функционира се достапни. Да земеме за пример PostgreSQL, ElasticSearch, Apache, итн. Дополнително огромент процент од луѓето во Македонија имаат компјутер или/и паметен телефон и пристап до интернет кој е на завидно ниво. Според сите овие заклучоци со сигурност може да се каже дека градењето на овој систем е технички изводливо.

1.3 Операциона изводливост

Во разработката на операционата изводливост на овој систем важно е да се разгледаат двете страни на паричката, да се разгледа од аспект на вработен во МЖТ и од аспект на патник бидејќи само од нивната прифатливост зависи операционата изводливост на овој систем.

  • Вработен во МЖТ

Тргнуваме од тоа дека таков систем МЖТ нема и никогаш немала. Со земање на овој факт предвид јасно е дека на сам почеток на вработените би им било тешко да се навикнат на новиот начин на работа. Покрај тоа, можен е и страв кај некои од вработените, плашејќи се да не бидат заменети од новиот систем. Дополнително, вработените во МЖТ, вклучувајќи ги и систем администраторите ќе треба да присуствуваат на тренинзи за работа со овој систем. Најидеално би било првите неколку месеци да се пробни, односно вработените да работат одреден дел од работното време со фиктивни податоци преку овој систем со цел да добијат искуство и вештина во работењето со иститот.

  • Патник

Земајќи го предвид фактот дека македонските корисници на електронски сервиси веќе се навикнати на користење на веб сервиси, апликации со цел да добијат услуга или да направат нешто операционата изводливост кај нив не би била проблем. Во изминатите години во Македонија се направија многу веб сервиси и решенија за работи кои порано биле само шалтерски регулирани. Конкретно електронско плаќање на сметки, електронски шопинг, електронско надополнување на кредит за телефон, картичка за ЈСП, користење на електронски сервиси на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, најново електронско пријавување на данок итн. Сето ова укажува на тоа дека CRM субсистемот на TrainTraveller има огромна веројатност да биде прифатен од страна на патниците.

Сумарно, гледајќи ги можните исходи од имплементацијата на системот кај двете засегнати страни, може да се каже дека со соодветен тренинг и охрабрување на вработените во МЖТ, овој систем е операционо изводлив.

1.4 Временска изводливост

  • Пристап

Со оглед на тоа што за изработка на CRM системот предвидено е да се користи Extreme programing, методологија која е заснована на итерации и континуирана интеграција, агилен пристап, определувањето на временската изводливост е вистински предизвик. Бидејќи не може да се предвиди колку итерации би се случиле во рамки на самиот процес на градење на овој систем, а секоја итерација предвидено е да трае една до три недели во рамки на анализата на временската изводливост итерациите траат 2 недели и важно е да се нагласи дека резултатот не треба да се зема здраво за готово, туку да служи само како една рамка. Бидејќи се работи за тим од 10 луѓе, а една од клучните техники во Extreme programming е програмирање во парови, во рамки на секоја итерација паралелно програмираат 5 парови на програмери. Според правилата на Extreme programing [9] во планирањето на секоја итерација секој од паровите прави естимација за тоа колку време би траела изработката на секој таск. Изработката на секој таск според правилата најчесто трае 1, 2 или 3 идеални денови за програмирање. Во рамки на оваа анализа ќе се земат 2 дена за изработка на секој таск од еден пар програмери. Тоа значи дека во една итерација од 2 недели, 10 работни дена, еден пар изработува 5 таскови, 5 пара изработуваат 25 таскови. 25 таскови се изработуваат во 2 недели од 5 пара програмери, но како што нагласив претходно тоа треба да се идеални денови за програмирање, не секој ден е идеален ден за програмирање, дополнително празници, боледување, одмор, слободни денови, не мора да значи дека во рамки на тие две недели 10 програмери ќе работат 40 часа на ден, 10 дена. Од тие причини проценувам дека 20 таскови во рамки од две недели е соодветно количество. Потоа, да ги погледнеме барањата. Претпоставувам дека од трите барања дефинирани на почетокот вкупно произлегуваат 40 кориснички приказни, тоа се 40 таскови за паровите. Дополнително програмерите ќе добијат и кориснички приказни кои не се експлицитно поврзани со барањата дефинирани на почеток. Таквите кориснички приказни се, логирање, регистрирање, итн и нека нивниот број е 10. Според операционата анализа, МЖТ како клиент често би се предомислувал во врска со корисничките приказни, нека се предомислат 20 пати, тоа се 20 дополнителни таскови за паровите програмери. Ако 5 пара програмери изработуваат 20 таскови во една итерација(две недели), тоа значи дека 70 таскови колку што вкупно треба да изработат, ќе изработат во рок од 7 недели. Имплементацијата и тренингот на вработените, грубо предвидено, ќе траат 5 недели, со тоа проектот завршува за 12 недели.

  • Ix – Итерација, х е број на итерација
  • Im – Имплементација
  • Т – Тренинг

CPM дијаграмот е на линкот долу.

https://develop.finki.ukim.mk/projects/TrainTraveller/attachment/wiki/zadaca2sdz/CPM3.png

Last modified 6 years ago Last modified on 02/01/18 12:17:08

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.