wiki:zadaca3bodangjozinski

3. Избор на развојна методологија [1]

Методологијата според која би се изработувал КМС на Траин Травелер е SSADM (Structured Systems Analysis & Design Method). SSADM е најбитната и најпозната структурирана методологија за развој на Информациски Системи. Истотака, таа претставува и класичен пример за водопаден модел на развој на ИС. Водена е од податоци - дата дривен , а не од процеси. Опфаќа три фази од SDLC: Изводливост , Анализа и Дизајн.

Структурирана е со 5 модели и 7 етапи:

  1. Студија за изведливост
    • Финансиска изведливост
      • Дали МЖТ ќе има доволно средства за изведувањето на проектот и кој е најисплатливиот пристап за софтверското решение?
    • Техничка изведливост
      • Дали на домашниот/локалниот пазар се присутни компании и технологии кои се потребни за изработка на овој на систем?
    • Операциона изведливост
      • Дали системот е операционо изведлив од аспект на сите засегнати странки? Патниците и засегнатите вработени во МЖТ.
    • Временска изведливост
      • Колку ќе трае целокупната изработка и имплементација на системот? Дали ќе треба да се сопре работата на МЖТ и кога ќе се добијат првите резултати?
  1. Анализа на побарувања
    • Истражување на моменталната околина
      • Дали на домашниот/локалниот пазар има слични системски решенија, како се прифатени и која е нивната успешност. Кои се директните и индиректните конкуренти на МЖТ. Се изработуваат DFD и LDS/ER дијаграми.
    • Опции за Бизнис Системи
      • Дали токму овој бизнис систем и е потребен на МЖТ и какви други системи има на пазарот. Дали треба да се изработи системот од нула, да се кустомизира одредено решение или пак да се купи готов бизнис систем.
  1. Спецификации на побарувања
    • Дефинирање на побарувањата
      • Дефинирање на функциски и нефункциски барања, изработка на ELH дијаграми и развој на прототип.
  1. Спецификација за Логички Систем
    • Опции за Технички систем
      • Анализа ориентирана кон цена/добивка за техничките системи (хардвер и софтвер) кои може да се развијат и кои се најпогодни.
    • Логички Дизајн
      • Дефинирање на логички бази на податоци, операциони процеси, кориснички дијалози, редоследот на процесите, начинот на процесирање знаење.
  1. Физички Дизајн
    • Логичкиот дизајн се конвертира во физички дизајн, со користење на соодветни мапирања и документирање.

Карактеристики:

  1. Структурен пристап од три аспекти

1) Структура на фази и чекори кои треба да се следат
2) Стуктурни технологии за секоја од фазите
3) Обезбедуваат низа продукти/дијаграми, структурни дефиниции на кориснички барања и системски компоненти

  1. Структурно програмирање
  2. Структурни методологии
  3. Тешки методологии

Особини:

1) Ригорозна "Top Down" анализа на кориснички барања

  • детално се анализираат, дефинираат и по потреба изменуваат сите кориснички барања.

2) Проектен менаџмент
3) Комуникација и конзистенција

  • Постајана и конструктивна комуникација помеѓу МЖТ и развојниот тим, со цел да се воспостави проектна консистенција.

4) Помали цени во тек на развој

  • Нема потреба од дополнителна документација, се намалува шансата за грешка.

5) Документација

  • Самата методологија како завршен продукт за секој модел креира документација во форма на дијаграми, студии и документи. Што е од особена важност за МЖТ која е државна компанија.

6) Широко разбрана и прифатена

  • Развојната методологија е светски прифатена и имплементирана во многу претходни успешни проекти.

7) Адаптивна, флексибилна

  • Може да се примени за развој на различни типови системи.

8) Внимателно планирање и прилагодување / customization

  • Елиминација на грешки и способност за прилагодување кон специфичниот проблем.

Методологија SSADM е соодветна за развивање на KMS за Train Traveller поради подотачната ориентација. SSADM како и секој KMS е воден од податоци, преку кои е претставено знаењето кое треба да менаџира. Истотака, не очекува да има многу промени во побарувањата за KMS, бидејќи скоро сите нови барања би можеле да се задоволат со решение на веќе постоечките барања. Друг бенефит од користењето на SSADM е обемната документација која се добива на завршување на проектот, а во овој случај е од големо значење за МЖТ која е државна фирма. Дополнително, овој метод допринесува до намалување на цената на проектот, што е особено пожелно за МЖТ која нема силна финансиска состојба.

Last modified 6 years ago Last modified on 02/19/18 18:52:57
Note: See TracWiki for help on using the wiki.