wiki:zadaca4katerina

Техники при развој на информациски систем

При секој развој на процес се препорачува користење на веќе постоечки техники. Секоја од методологиите си препорачува користење на одредени техники. Во зависност од системот кој се развива и методологијата што се користи, за различени делови од системот се користат различни техники. Сето тоа доведува до успешен процес на развој и успешно креиран функционален систем.

Бидејќи користиме RUP како за процес за развој на нашиот систем како техники ќе ги користиме објектно ориентираните техники, т.е. подетално UML или заедничкиот јазик за моделирање.

UML – Заеднички јазик за моделирање

За графичко претставување на анализите и концептите на системот со објектно ориентиран пристап го користиме заедничкиот јазик за моделирање, понатаму спомнуван во текстот како UML. Графичкиот јазик UML бил креиран во 1997 година од Оbject Management Group (OMG). Служи за моделирање објекти и добивање апстрактен модел на системот со којшто се открива структурата и логиката на системот.

UML 2.0 се базира на тринаесет вида одделни дијаграми кои се делат во три категории:

  • Статичните дијаграми
  • Дијаграми на динамичко однесување
  • Дијаграми на интеракција

Поделбата на дијаграмите во категории е дадена на сликата број 1. Во продолжение ќе ги разгледаме некои од дијаграмите.

Слика бр. 1 Поделба на UML дијаграмите

Класен дијаграм – Class diagram

Класниот дијаграм го детализира use-case дијаграмот и дава статички поглед (речникот на системот) и детален дизајн на системот. Истиот се состои од класи, интерфејси, асоцијација, композиција и агрегација. Класата е претставена како правоаголник кој се дели на три дела. Првиот (горен) дел претставува името на класата, вториот (среден) дел ги опишува атрибутите, а во третиот (долен) дел се операциите кои ја засегаат оваа класа. Класниот дијаграм е еден од најкористените дијаграми при развој на процес. Токму и затоа, покрај причината што ќе користиме објектно ориентиран јазик, се одлучивме да го искористиме овој дијаграм при развој на нашиот систем. Нашата цел при употреба на класниот дијаграм е да го доловиме статичкиот поглед и дизајнот на системот, од кои елементи е составен и која е интеракцијата меѓу нив и да ги увидеме неговите главни функционалности.

Дијаграм на кориснички приказни – Use Case Diagram

Use case дијаграмот, ориентиран исклучиво кон корисниците, ја опишува функционалноста на еден систем претставена од гледна точка на корисниците на системот и текот на на настаните кога корисниците го користат системот. Тој ја претставува поврзаноста (преку линии) помеѓу корисниците во системот (претставени со човечки фигури на дијаграмот) и случаите во кои тие го користат системот (претставени со елипси на дијаграмот). Овој дијаграм е најбитен за RUP системот, т.е. use case моделот е една од неговите три главни карактеристики.

Користејќи го RUP како процес за развој, развојот на нашиот систем неможе да се замисли без користење на кориснички случаи. Тие го претставуваат темелот на нашиот систем, ги опишуваат, анализираат и дизајнираат корисничките барања, контекстот на системот.

Дијаграми на активности – Activity diagram

Овој дијаграм се насочува кон внатрешниот тек на активностите со тоа што може да ја обликува внатрешната состојба на даден објект или група објекти., т.е. укажува на активности што може да се вршат паралелно или што мораат да чекаат некоја друга активност да заврши пред тие да почнат. Активноста е претставена со правоаголник, почетокот на дијаграмот со голема точка.

Секвенцни дијаграми – Sequence diagram

Секвенцните дијаграми го опишуваат заемното дејство меѓу објектите и пораките во системот во рамките на еден случај на користење од страна на корисниците, т.е. за секој кориснички случај постои посебен секвенцен дијаграм. Дијаграмот на секвенци функционира на тој начин што класите и објектите се поставуваат хоризонтално од лево кон десно, а вертикално со линии се претставени животните линии на објектот. Пораките со кои комуницираат објектите се покажуваат со стрелки од лево кон десно, помеѓу вертикалните линии

Last modified 6 years ago Last modified on 06/10/18 02:24:25

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.