Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
- Базата и апликацијата се наменети да бидат управувани од фирма или стартап кој нуди услуги за планирање патувања. Таквата организација би обезбедувала централизирана база со информации за дестинации, активности и патувања, со цел да им помогне на корисниците побрзо и поефикасно да ги организираат своите патувања.
Кои проблеми се решаваат?
- Проектот го решава проблемот на бавно и неорганизирано планирање патувања. Наместо рачно пребарување и комбинирање на информации, системот овозможува распоред на активности според време, локација и буџет.
Какви видови корисници ќе имаат пристап?
- Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
- Администратори на базата – управуваат со базата, додаваат и ажурираат податоци за градови, места, категории и дополнителни информации.
- Главен корисник (организатор на патување) – корисници кои креираат и менаџираат свои патувања, избираат активности, додаваат омилени места и оставаат рецензии.
- Член на патувањето - корисник кој е вклучен во истото патување со главниот корисник и комуницира со останатите членови на патувањето во заедничка група (group chat).
Во што се разликува вашето решение од веќе постоечките апликации?
- Слични решенија постојат како Google Trips или TripAdvisor, но TravelMate се издвојува со тоа што нуди опции за пребарување базирани на повеќе параметри (време, растојание, буџет), како и можност за заедничка комуникација со останатите членови од патувањето.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Се работи за веб апликација.
Last modified
2 weeks ago
Last modified on 04/18/26 19:03:48
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.
