wiki:About

About

Наслов на проектот

WeService

Членови на тимот:

Сара Сталевска 193026

Краток опис на проектот:

Веб платформа која ќе содржи бизниси во повеќе категории и нивни ревјуа од страна на клиентите. Посетителите можат да пребаруваат според име на бизнисот, категорија на сервиси која ја бараат или одреден сервис кој им треба. Оваа платформа ќе биде посредник на клиентите со базата бизниси и ќе служи клиентите да дознаат повеќе за бизнисот, за да не се обврзат да го посетат пред да ги добијат потребните информации и да не се задоволни.

За секој бизнис ќе се чува ID, име, опис на бизнисот, телефон, email, адреса и работни часови, како и вкупна оценка од сите reviews. Бизнисот ќе спаѓа на точно една категорија. Секој бизнис ќе нуди повеќе сервиси. Ревјуата ќе содржат ID, наслов, текст и оценка и ќе бидат оставени од клиентите на дадениот бизнис на одредена адреса.

Типичен тек на користење би бил на пример: посетителот избира категорија, по што се листаат сите бизниси кои спаѓаат во неа. Потоа, избира бизнис, по што се прикажуваат деталите за бизнисот и листа со reviews.

Детален опис на проектот:

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Сопственик на оваа веб апликација е лице или фирма која сака да ја информира јавноста за квалитетот на услугите кои ги пружаат економските субјекти, што за крајна цел може да има чисто алтруистички намери, но исто така може целата платформа да се монетизира со тоа што на неа би се објавувале реклами по принципот позиција+големина, или плаќање според прегледи или кликови на линковите. За да работи веб апликацијата, потребен е веб сервер кој може да извршува код и база на податоци, од која ќе се влечат податоците кои се прикажуваат на страните.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Проектот не решава внатрешни проблеми на фирмата-сопственик, туку на пошироката јавност. Апликацијата е платформа преку која јавноста може да открва бизниси и да дознава повеќе за бизнис климата, пред да се обврзе да плати за услуга која потенцијално е незадоволителна, што исто така би ги поттикнало бизнисите да нудат подобри услуги со цел да се истакнат меѓу конкуренцијата.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Проектот е наменет за широката популација без ограничувања. Типични корисници на апликацијата би биле лица кои се заинтересирани да дознаат повеќе за некоја фирма, кои се нејзините контакт информации, кои се услугите кои фирмата ги нуди, како и какви искуства имаат поранешните корисници на истата, дадени во форма на мислења (reviews).

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

На интернет работат неколку слични веб апликации кои нудат можност да се пребаруваат фирми според разни карактеристики и за нив да се гледаат оценки од корисници, или нивни мислења. Најпопуларни примери се Yelp, Trip Advisor и Foursquare. Проектот WeService е симплифицирана верзија од овој тип апликации и веројатно е најблизок со Yelp. За разлика од другите, WeService се фокусира на неколку основни услуги и дејности во една поедноставена „бизнис клима“, за да се запази обемот на проектот. Проектот ќе работи со однапред зададени категории, бизниси и услуги, додека мислењата и оценките ќе можат да се додаваат динамички од корисниците кои ќе се автентицираат на платформата.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Имплементацијата на проектот ќе биде веб апликација, која ќе работи на Apache веб сервер. Кодот на серверската страна ќе биде PHP.

Last modified 3 years ago Last modified on 01/21/22 12:56:38
Note: See TracWiki for help on using the wiki.