Auto Partz
Членови на тимот
- Андреј Тодоровски 201084
- Стефан Милески 201141
- Христијан Саздовски 201207
Краток опис на проектот
Веб апликација која служи за онлајн продажба на авто делови од разни производители за сите видови на автомобили. Целта е да се помогне на потрошувачите во пронаоѓањето на одредени делови и нивна лесна и брза достава до нив. Клиентите можат да го разгледуваат онлајн каталогот и да ги видат достапните делови и дали производот е достапен моментално.Апликацијата овозможува поврзување со овластени сервиси за различни видови на автомобили за монтирање на деловите. По искуството со сервисот секој клиент ќе може да додаде критика односно рејтинг и коментар за сервисот кој го посетил. За додавање на производи во кошничка и за правење нарачки за производи, потребно е клиентот да се регистрира со корисничко име, лозинка и телефонски број. Статусот на нарачката е достапен на веб апликацијата во нарачките на корисникот и магационерот соодветно го менува согласност фазата до којашто е извршена нарачката.Статусот на доставата го регулира доставувачот со менување на атрибутот Статус. Во корисничката сметка на апликацијата се чува информации за неговиот/те автомобили и соодветно сервисна книшка за истите со информации за претходно купени делови и направени сервиси.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Овој систем е наменет за секаков тип на корисници, за сите оние кои сакаат да купат или разгледуваат делови за автомобили и сите тие коишто сакаат да водат евиденција за сите поправки и новости на нивниот автомобил. Одговорен за Базата на податоци ќе биде администраторот на системот, вработен во Е-продавницата, бидејќи се работи за систем кој ја овозможува работата на продавницата. Администраторот ќе биде одговорен за целата координација и менаџмент со системот, односно неговите привилегии ќе бидат: додавање/бришење/уредување на делови, додавање/бришење/уредување на овластените сервиси и менаџирање со сите корисници на системот.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Со помош на овој систем ќе се овозможи сите луѓе отворено,лесно и транспарентно да можат да пребаруваат одреден дел за нивниот автомобил, притоа да ги имаат опциите и за најголем квалитет и за најниски цени, од најразлични производители. . Главниот проблем кој произлегува од физичкото одење и пребарување делови е тоа што може да се изгуби многу време, може купувачот да биде пренасочуван од сервис до сервис со цел да го најде конкретниот дел, додека пак на нашата апликација сето тоа ќе биде достапно само со неколку кликови. Доколку не постои некој дел во нашиот систем, ќе има можност тој да се лоцира од други набавувачи и да се нарача за купувачот. Преку нашата поврзаност со овластени сервиси за сите видови на автомобили, ќе може уредно да се закаже термин за поставување на делот доколку е потребно и да се избегне чекање во редици.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе ги има следниве типови на корисници:
- Администратор - Лице задолжено за одржавање на системот, исто така и негово унапредување и одговорен за техничка подршка доколку настане некаков проблем од технички аспект.
- Доставувач - Лице одговорно за достава на нарачките до купувачот или до овластениот сервис доколку купувачот тоа го побарал. Неговата главна задача е сигурна, точна и навремена достава и соодветно уредување на статусот на доставата со цел купувачот да има информација до каде е производот.
- Магационер – Лице одговорно за управување со магацин во коишто се наоѓаат деловите. Негова главна задача е соодветно да менаџира со примероците, да нарачува делови доколку е потребно,д а ги спрема примероците за нарачките и редовно и точно да ги ажурира количините за сите делови во системот
- Купувач - Корисници на апликацијата, лица кои имаат цел да разгледуваат и купуваат производи од веб апликацијата. Во секој момент можат да пристапат до сервисната книшка за нивното возило со цел да ги разгледаат минатите извршени сервиси и купени делови. Откако ќе нарачаат некој дел ќе имаат можност истиот да го платат електронски или доколку е достава до дома да го платат во готово при доставта. Податоците од електронското плаќање останат зачувани и прикриени во целост.
По најавата на корисниците ќе ги наследат следниве атрибути: username, e-mail, password, EMBG. Има 4 вида на корисници: администратор кој во себе ќе ги чува атрибутите ovlasten_od и ovlasten_do кој ќе прикажува до кога важи неговиот договор со е-продавницата , купувач за кој истотака ќе се чува информација за tel_broevi, магационер со атрибут vraboten_od и доставувач за кого истотака ќе се чува атрибут vraboten_od.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.
Нашиот софтвер пред се обезбедува лесно пребарување и пронаоѓање на делови со внесување на моделот на автомобил и содржи изобилство од разни производители за секој дел, односно корисникот има привилегии да го избере тој што мисли дека е најдобар за него. Исто така се грижиме за искуствата на корисниците со тоа што има функционалност за оставање на критики за сервисите од страна на секој корисник кој тоа сака да го направи. Овие прегледи ќе содржат оцена за сервисот и коментар кој би бил корисен за другите корисници при бирање на еден од неколкуте овластени сервиси за нивниот тип на кола.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација.