wiki:About

Version 4 (modified by 201084, 2 years ago) ( diff )

--

Auto Partz

Членови на тимот

  • Андреј Тодоровски 201084
  • Стефан Милески 201141
  • Христијан Саздовски 201207

Краток опис на проектот

Веб апликација која служи за онлајн продажба на авто делови од разни производители за сите видови на автомобили. Целта е да се помогне на потрошувачите во пронаоѓањето на одредени делови и нивна лесна и брза достава до нив. Клиентите можат да го разгледуваат онлајн каталогот и да ги видат достапните делови и дали производот е достапен моментално.Апликацијата овозможува поврзување со овластени сервиси за различни видови на автомобили за монтирање на деловите. За додавање на производи во кошничка и за правење нарачки за производи, потребно е клиентот да се регистрира со корисничко име, лозинка и телефонски број. Статусот на нарачката е достапен на веб апликацијата во нарачките на корисникот и магационерот соодветно го менува согласност фазата до којашто е извршена нарачката.Статусот на доставата го регулира доставувачот со менување на атрибутот Статус. Во корисничката сметка на апликацијата се чува информации за неговиот/те автомобили и соодветно сервисна книшка за истите со информации за претходно купени делови и направени сервиси.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Овој систем е наменет за секаков тип на корисници, за сите оние кои сакаат да купат или разгледуваат делови за автомобили и сите тие коишто сакаат да водат евиденција за сите поправки и новости на нивниот автомобил. Одговорен за Базата на податоци ќе биде администраторот на системот, вработен во Е-продавницата, бидејќи се работи за систем кој ја овозможува работата на продавницата. Администраторот ќе биде одговорен за целата координација и менаџмент со системот, односно неговите привилегии ќе бидат: додавање/бришење/уредување на делови, додавање/бришење/уредување на овластените сервиси и менаџирање со сите корисници на системот.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?


  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе ги има следниве типови на корисници:


  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.


  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.