Упатство за стартување и користење на апликацијата
Најпрво, ќе ви биде потребно да инсталирате Java.
Второ, се препорачува користење на IntelliJ IDEA, IDE околина изработена од Jet Brains , со цел да процесот на инсталација биде доста полесен, каде при прво отварање на проектот ќе ви биде стартуван Maven Reload Project процес, кој ќе ги симне сите dependencies од Maven Repository со тоа пак, ќе бидат инсталирани работи како што се:
- Spring Boot
- PostgreSQL Driver
- Maven Dependencies кои се вклучени во проектот и потребни за негово извршување
Трето, ќе ви биде потребно да стартувате скрипта која ќе стартува тунел конекција со серверот на кој што е поставен клиентот за комуникација со базата на податоци (скриптата ќе биде линкувана во делот на прикачени фајлови од оваа страница).
После сето тоа, откако ќе се осигурате дека претходните три чекори се завршени, ќе треба да кликнете десен клик на фајлот во project tree - 'AutoPartzApplication.java', и да кликнете на Run или Debug опцијата, во зависност како сакате да се извршува програмата.
Откако апликацијата успешно ќе се стартува, ќе може истата да ја најдете на адресата http://localhost:9999 во вашиот веб прелистувач, каде ќе ви биде прикажана почетната страна на апликацијата.